Волонтерите од Црвен крст санираа околу 50 повреди на ОПЕН Фест

30 волонтери при Црвен крст Струмица активно се вклучија и оваа година во заштита на публиката која ги следеше трите главни вечери за време на Струмица Опен фестивал. При нивна патрола околу заградената територија наидоа на околу 40-50 повреди кои беа успешно санирани од страна на обучените волонтери по прва помош при Црвен крст. Волонтерите покрај тоа што беа обучени и беа над 17 години ...

„Комуналец“ во акција за чистење на плоштадот

Уште од раните утрински часови екипи на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ почнаа со чистење на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој синоќа заврши четвртото издание на културно – забавната манифестација „Струмица опен фест“. Во текот на денот собран е целокупниот отпад и е извршено делумно метење бидејќи дел од шанковите сè уште не се подигнати. Според најавите ...

Момците од Либеро бенд ја почнаа синоќешната забава

Либеро бенд со македонска песна ја почнаа последната вечер од Струмица Опен Фестивал. Либеро бенд е шестчлен состав од талентирани, музички образовани момци. Освен тоа тие се млади, енергични и решителни. Имаат визија, и храбро, но сигурно чекорат на македонската сцена повеќе од три години.

Миленикот на младите, Маид Хечимовиќ синоќа настапи на Опен Фест

Босанскиот пејач Маид Хечимовиќ, познат на публиката како натпреварувач од шоуто Икс Фактор синоќа настапи на Струмица Опен Фест. Младите се фотографираа со него и уживаа во музиката и неговите гласовни способности. Настапот беше енергичен и струмичани не останаа рамнодушни.  

Струмичкиот бенд Јупитер синоќа се погрижи за забавата на своите сограѓани

Струмичкиот бенд Јупитер како вистински домаќини синоќа ја забавуваа својата публика. Горан и Ленче Куќиќ ги исполнуваа своите хитови кои за струмичани се веќе добро познати. И младите и старите подеднакво се забавуваа и играа на нивните песни.  

Петар Грашо настапи на Струмица Опен Фестивал

Петар Грашо синоќа пееше и свиреше на големата Опен Фест сцена. Струмичани во еден глас со него ги исполнуваа неговите хитови и уживаа. Градскиот плоштад беше исполнет весели и разиграни лица.

Одбојкарските репрезентативци од Струмица дочекани како херои на сцената на Струмица Опен Фест

Одбојкарските репрезентативци од Струмица денес за време на настапот на Јупитер беа повикани на сцената на Струмица Опен Фест. Притоа сценографијата се смени во боите на Македонското знаме, а публиката ги поздрави хероите од Струмица. Репрезентативците од Струмица направија и легендарно селфи со публиката. Пред некој ден во Полска одбојкарската репрезентација на Македонија го освои ...

Кристина Арнаудова го покажа трудничкиот стомак на „Струмица опен фест“

Македонската пејачка Кристина Арнаудова настапи на струмичкиот плоштад како дел од претпоследниот ден на „Струмица опен фест“. Кристина Арнаудува на сцената настапи во четвртиот месец од бременоста. Веста за својата бременост ја објави на нејзиниот профил на Фејсбук  пред неколку дена и откри дека петгодишниот Максим ќе добие братче.  

Романтичарот Петар Грашо вечерва на големата Опен Фест сцена

Големиот романтичар и заводник, омилен кај понежниот, но и кај посилниот пол, Петар Грашо вечерва ќе го видиме на големата сцена на Опен фестивал. Хитовите кои ја одбележаа неговaта кариера, овојпат струмичани и сите гости ќе ги пеат во еден глас. Да се потсетиме на неговите хитови:

Romeo Blanco ќе го затвори овогодинешниот Опен Фестивал

Овогодинешниот Струмица ОПЕН фестивал вечерва ќе го затвори Младиот Белгиец Romeo Blanco – ѕвезда на Tomorrowland. Romeo Blanco е препознатлив по своите впечатливи и енергични настапи низ цел свет. Тој доаѓа на Балканот за првпат и тоа токму на Струмица ОПЕН фестивал.