Реконструкција на детската градинка „Сонце”- Ново Село

Привршуваат градежните работи на детската градинка Сонце”- Ново Село. Од нејзината изградба во 1975 година до денес не беа превземени никакви градежни работи. Со реконструкцијата на истата ќе добиеме еден енергетски современ објект и значително ќе се подобрат условите за нашите најмали. Се извинуваме на родителите и им благодариме на трпението..!

Асфалтирање со поставување на цевки за одводни атмосферски води во Дрвош

Општина Босилово започна со реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните улици и патишта за 2017 година.  Асфалтирана е улица во населеното место Дрвош во вкупна должина од 115 метри. Во наредниот период ќе продолжи реализацијата на Програмата и во други населени места во општина Босилово.

Потпишан договор за реконструкција на игралишта во Самoилово и Мокриево

Градоначалникот на општина Ново Село г-дин Блажо Велков потпиша договор за јавна набавка на градежни работи за реконструкција на повеќенаменскo игралиште во Самоилово и реконструкција на одбојкарско игралиште во Мокриево. После спроведената јавна набавка како најповолен понудувач е избрана фирмата ДПУТ „Универзал Градба “ ДООЕЛ Струмица. Со оваа инвестиција ќе се изврши реконструкција ...

Финишира изградбата на мостот на Сушевскиот порој

Во завршна фаза влегува изградбата на мостот на Сушевски порој. Градежните активности кои почнаа во мај годинава, денеска вклучија и полнење со бетон, со што се очекува нејзино скоро завршување. -Она што заедно со месното население го утврдивме како недостаток и потреба сега го реализараме. Општина Василево успеа да обезбеди средства за реализација на оваа активност која во наредните ...

Реконструкција на детска градинка “Сонце” – Ново Село

Детската градика Сонце во општина Ново Село наесен треба да почне да се реконструира, во рамки на проектот “Енергeтска ефикасност во насока за постигнување подобра животна средина во градинките” од приоритетната оска број 1- животна средина, специфична цел 1.1 заштита на животната средина и одржлива употреба на заедничките природни ресурси во прекуграничниот регион од Програмата ...

Низа реконструкциски зафати во СОУ „Јане Сандански“ Струмица

И оваа година, за време на летниот распуст, во СОУ „Јане Сандански“ Струмица извршени се повеќе реконструкциски зафати, кои обезбедуваат поволни услови за работа на учениците и наставниците. Покрај тековните работи кои се однесуваат на поправка и замена на оштетен инвентар, беа варосани сите училници, кабинети и наставничката канцеларија. Отстранет е и дефектот на парното греење ...

Ќе се реконструира детската градинка „Сонце“ во општина Ново Село

Наесен ќе почне реконструкцијата на детската градинка „Сонце“ како активност во рамки на проектот „Енергетска ефикасност во насока за постигнување подобра животна средина во градинките“ од прекуграничната соработка меѓу Ново Село и Сандаски од Република Бугарија. Проектот чини 400 илјади евра обезбедени од приоритетната оска бр.1 – животна средина, специфична цел 1.1 заштита ...

Општината изготвува проект за реконструкција на Домот на културата во Василево

Изработка на проектна документација за основен проект за реконструкција на Дом на културата во Василево  е една од тековните активности кои во моментот ги презема општина Василево а чија крајна цел е целосна реконструкција на објектот. Од неговата изградба во 1950 година,  правени се делумни реконструкции со кои се опфатени дел од просториите но не и целиот објект. Вкупната површина ...

Ќе почне обновата на фасадите во старата чаршија во Струмица

Идната недела Завод и музеј Струмица ќе објави тендер за реконструкција на фасади во Старата чаршија. Во првата фаза ќе бидат опфатени два објекта, а потоа дополнително уште три, истакна министерката за култура Елизабета Канческа Милеска при нејзината посета во Струмица. – Ова е крупен проект за обнова на фасадите во старите градски јадра и на објектите – споменици на култура. ...

Продолжува реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Климент Охридски“

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ интензивно работи на реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Климент Охридски“. Со овој зафат се врши замена на азбестните цевки со дуктилно железни цевки со профил ФИ 200 со што се обезбедува поголема сигурност во водоснабдувањето, а се решаваат и некои хидраулички проблеми затоа што со замената на овие цевки се ...