ОДРЖАН РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО МАТЕМАТИКА во ООУ Атанас Нивичански с .Нова Маала

Денес 31.03.2018 година во ООУ Атанас Нивичански с Нова Маала се одржа регионален натпревар по математика за учениците од основното образование од југоисточниот регион на РМ-2018 година под покровителство на Сојузот на математичари на РМ .Учество зедоа 288 ученици од општините Василево, Струмица,Босилово ,Ново Село,Радовш и Конче.

Ученици од СОУ „Никола Карев“ на регионален натпревар на машински средни училишта

Учениците Спировсκи Стојан III -4 (автотехничар мехатроничар), Атанасов Оливер III-3 (техничар за κомпјутерсκо управување) и Абдиев Ердал III-6 (бравар) се учениците кои после тестирањето пред два дена во средното општинско училиште „Никола Карев“ се избрани за учество на престојниот регионален натпревар на машински средни училишта. Натпреварот ќе се одржи на 29-ти март во Велес.