НАСКОРО: „ТРОШКИ НАДЕЖ“ – театарска претстава во изведба на учениците од гимназијата „Јане Сандански“

  Во тек се подготовките за претставата „Трошки надеж“ која изминативе месеци ја подготвуваат ученици од струмичката гимназија „Јане Сандански“. Сценариото за претставата го напиша ученичка од четврта година Викторија Панова, а во тоа и помогнаа и Моника Котева и Надица Трајкова под менторство на професорката по Драмска уметност Ѓургица Костадиновска. Претставата ќе биде изведена ...

Детската претстава „Кучето со боја на небо“ во струмичкиот театар

Во недела во 12 часот, во струмичкиот театар ,,Антон Панов” ќе се одигра претставата „Кучето со боја на небо“, во режија на Дарко Ковачовски. Во претставата играат: Ангелина Тренчева Ангелова, Игор Тодоров, Стојан Велков Трн, Анкица Бенинова, Коста Ангов. Во просторот на имагинацијата се влегува без ограничувања. Поточно речено, отфрлањето на какви-било ограничувања е основен предуслов ...

Вечерва ќе биде изведена претставата „Пат околу светот“ поддржана од општина Струмица

  Вечерва со почеток во 19 часот во домот на АРМ ќе биде изведена претставата „Пат околу светот“ во режија на младата струмичанка Катерина Бенинова, а во која што учествуваат ученици од повеќе основни училишта во општина Струмица. Претставата е завршен настан во рамките на проектот Театарот како средство за будење на мечта и можност за креативна комуникација кај генерациите во ...

Претставата „Царот Владислав“ во Центарот за култура во Струмица

  Во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица вечерва во 20 часот ќе биде изведена претставата „Царот Владислав“, на авторот Борис Јанков, а во режија на Бранко Ставрев. Македонскиот еминентен режисер Ставрев ја изработи и сценографијата за претставата, а костимите се дело на Елена Дончева. Настапува бројна актерска екипа од Струмичкиот театар, меѓу кои и актерите Стојан ...

Премиера на „Идиот“ на Достоевски во Струмичкиот театар

Претставата „Идиот“ по текст на Фјодор М.Достоевски, а во режија на Горан Тренчовски вечер премиерно ќе биде изведена во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Тренчовски вели дека ова е првпат да се игра „Идиот“ на македонски јазик во домашните театри. Според него, Достоевски и „Идиот“ даваат бескрајни режисерско-истражувачки дискурси, кои што значат приближување до ...

Во Струмица премиера на претставата „Царот Владислав“

Во Струмица на малата сцена во Центарот за култура „Антон Панов“, струмичкиот театар утре вечер премиерно ќе ја прикаже праизведбата на претставата „Царот Владислав“ по текст на Борис Јанков, а во режија на Бранко Ставрев. Ова е четврта премиера на НТ „Антон Панов“ за сезонава, а е работена по текст дебитантски текст на авторот, струмичанецот Борис Јанков. – Утре ќе ја имаме праизведбата ...

(ФОТОГАЛЕРИЈА) ВО МНТ СЕ СПРЕМА ,,КЕЦ НА ДЕСЕТКА“ НА СТРУМИЧАНЕЦОТ МИТКО БОЈАЏИСКИ

Заврши и последната проба на маса за претставата „КЕЦ НА ДЕСЕТКА“ која ќе се игра во МНТ. Претставата се работи според текстот на современиот автор Митко Бојаџиски и во режија на Драган Спасов – Дац. Текстот „Кец на десетка“ е урбана комедија која се случува во едно семејство. Во претставата играат: Александар Миќиќ /Таткото Доксе, Тања Кочовска/мајката Грациела, Нина Деан/ќерката ...

„Не се клади на Енглези“ конечно доаѓа во Струмица

Сашко Коцев како Паун, Оливер Митковски како Пикси и Александар Миќиќ како Буле се извонредните ликовите во урнебесната комедија која го третира феноменот „спортско обложување“. Дејството на претставата се случува во едно маало со препознатливи ликови и ситуации. Текстот е напишан на сленг, а во него може да се почувствува надежта на пониските социјални слоеви за брза заработка, ...

Струмичката „Мурлин Мурло“ на фестивал во Русија

Театарската претстава „Мурлин Мурло“ од Николај Кољада, во режија на Ана Батева, на театарот „Антон Панов“ од Струмица, е поканета да гостува на Меѓународниот театарски фестивал „Кољада-плејс“ во Екатерингбург, Русија. „Мурлин Мурло“ беше премиерно изведена во јуни 2016 година. Во камерната драма настапуваат Стојан Велков-Трн, Оливера Аризанова, Васил Михаил и Јасмина Вучкова, ...

На 11 мај повторно претставата на „Џон Габриел Боркман“

Хенрик Ибзен ЏОН ГАБРИЕЛ БОРКМАН (македонска праизведба) Улоги: Џон Габриел Боркман – КОЉО ЧЕРКЕЗОВ Гунхилд – ЈУЛИЈА МИЛКОВА Ерхард – ВАНЧО ВАСИЛЕВ Ела Рентхајм – ЈАСМИНА ВАСИЛЕВА Фани Вилтон – АНКИЦА БЕНИНОВА Вилхелм Фолдал – ИГОР ТОДОРОВ Фрида – Надица Трајкова Собарот – Стојан Стојанов Превод: Ленче Тосева Адаптација и режија: Горан ТРЕНЧОВСКИ Сценографија: ...