победа
УШТЕ ЕДНА ПОБЕДА ЗА СТРУМИЧАНЕЦОТ НИКОЛА И ЗА НЕГОВИОТ ТИМ ОНИКО!
Нашиот струмичанец Никола не престанува да реди победи со Онико. Овојпат на мета беше екипата на Ресовиа која загуби со резултат од 3:0.
„Игравме навистина добра игра и заслуживме што освоивме три поени. Сите сме среќни и горди од мојот тим за оваа победа, покажавме навистина добар квалитет. Целта е да ја завршиме сезоната на што повисоко место“-истана Никола.
(ФОТО) СТРУМИЧКИТЕ АЈДУЦИ ФАНТАСТИЧНИ: БЕЛАСИЦА ГО „ТРЕСНА“ БОРЕЦ И СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПРВА ЛИГА!
Со головите на Горан Здравков и на Марјан Ташев Беласица во дрбито на Втората лига Исток го победи директниот конкурент Борец и сигурно чекори кон пласман во Првата македонска фудбалска лига.
Дербито на 16. коло донесе квалитетен фудбал, а струмичани беа подобри и сега имаат пет бода предност пред второпласираната Брегалница. Борец падна на третата позиција по поразот во Струмица, ...
Стоилов: Првата задача ја исполнивме, победивме цврста репрезентација, да не летаме
Стојанче Стоилов видно задоволен после натпреварот на кој Македонија ја победи Словенија со 25:24, кажа дека вака треба да продолжиме.
-Мислам дека одбраната го реши натпреварот, многу цврста игра на двете репрезентации. Некои моменти они ја имаа играта некои ние, на крај ние победивме. Долго ја очекувавме оваа победа против Словенија, но не треба да се летаме, чекор по чекор, изјави ...
Шутова поразена од екипата на Струмица!
Одбојкарскиот клуб Шутова третпат оваа сезона е поразен пред своите гледачи. Кичевци овој пат претрпеа пораз од екипата на Струмица со 1-3.
Во првите два сета Струмичани беа убедливи и овие сетови ги решија во своја корист со 25-18 и 25-15 и кога се очекуваше убедлив триумф на гостинот од Струмица , домаќините заиграа како препородени и третиот сет го решија во своја полза со убедливи 25-12.
Во ...
НОВИОТ ТРЕНЕР ВАСКО АТАНАСОВ ЈА ОДНЕСЕ СТРУМИЦА ДО ПРВАТА ПОБЕДА СРЕДЕ БИТОЛА!
Се офајдија и кошаркарите на Струмица. Се чини дека им беше потребна една промена, и тоа тренерска, на местото на Власис Влаикидис кој поднесе оставка, шанса доби младиот Васко Атанасов.
И донесе успех, прв за прволигашот од Струмица. И тоа гостински, во салата „Младост ” во Битола.
Пелистер – Струмица 76:86 (16-32; 26-21; 23-15; 11-18)
Неверојатни на семафорот во салата „Младост” стоеја (9-25) ...
ВИДЕО: Како Победа ја сруши „тврдината Младост“ во Струмица!?
Академија Пандев го доживеа првиот пораз сезонава на домашен терен во Струмица во прволигашката конкуренција.
Можеби малку кој очекуваше, но Победа е тимот кој ја сруши сезонава за првпат „тврдината Младост“… Стрелец на единствениот гол вреден победа за прилепчани беше Мирослав Станиќ во 45. минута од средбата!
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Во Струмица се слави – и принова, и победа!
Без никакви проблеми Беласица стигна до убедлива победа од 6-0 против Плачковица во 10. коло од Втората лига – Исток, по која се зацврсти на врвот од табелата пред Брегалница.
Во Струмица денеска имаше многу причини за радост… „Ајдуците“ уште еднаш прославија на домашен терен убедлив триумф на своите миленици, а Крсте Тодоров погодокот во синиот дрес го прослави и на специфичен начин, ...