People of Strumica – Театарот, уметност на мигот!

Васил Михаил е човекот кој освен на сцената може да го видиме и во улога на режисер на театарски претстави. Струмичани кои ја почитуваат културата и уметноста, а посебно значење му оддаваат на театарот за него знаат да кажат дека е еден највредните ликови на струмичката актерска сцена кој целото свое внимание и љубов ги насочува во нејзниот развој. Среќен роденден Васил, посакуваме ...

People of Strumica – Пехар на успехот

Десното крило на Зомимак-М и грузиската репрезентација, Реваз Чантурија, денеска полни 32 години.Тој е и првиот играч кој го продолжи договорот со Зомимак-М за следната сезона.  Честитки до Реваз. Му посакуваме многу спортски успеси и долг и среќен живот.

People of Strumica – По нас!

Еден ден некој ќе ги здипли нашите ќебиња и ќе ги прати на хемиско чистење од нив да го истрие последното зрнце сол, ќе ги отвори нашите писма и ќе ги реди по датуми наместо по исчитаност. Еден ден некој ќе го размести мебелот во собата како шаховски фигури на почеток од нова игра, ќе ја отвори старата кутија за чевли во која ги чуваме паднатите копчиња од пижамите, недотрошените батерии ...

People of Strumica – Разиграни акорди и емотивни рефрени

Народниот гениј изворно создал творештво кое многу години ќе ги разигрува срцата и бранува емоциите на многу генерации. Никогаш нема да се заборават старите песни и серенади пеени во различни пригоди… Сведоци на отпеаните „Под кулите на Струмица“ и „Во Струмица на улица“. People of Strumica – „Под кулите на Струмица“ Струмица Денес, мај 2014, НУЦК „Антон Панов“

People of Strumica – Уметноста е насекаде

Уметноста е еден вид на вродена желба што го зграбува човекот и го прави свој инструмент. За да ја извршува оваа тешка должност, понекогаш е неопходно за него да ја жртвува среќата и сѐ она што го прави животот вреден за живеење за останатите луѓе –  Карл Јунг 

People of Strumica – Режисер на животот

Можеби нема да го затекнете со камера в рака, ниту пак со француска баретка на главата, но тој низ годините покажа дека е вистински режисер. Со многу проекти позади себe, Горан Тренчовски .во моментов е еден од најистакнатите македонски уметнички души за чие творештво уште многу ќе се слуша… Среќен 44-ти роденден Горан!

People of Strumica- Од Струмица до вечноста

Перкусионист, виртуоз, едноставен, а голем. Границите на Маџиров се простираат до таму каде што допира неговата безвременска музика… Од Струмица до вечноста, People of Strumica, Април 2014, Longue Bar Que Pasa, Струмица Денес

People of Strumica – Богатството на мајката

Огромна одговорност и грижа помешани со неверојатната количина љубов, го прави мајчинството најтешка, но и најсакана работа на светот. Клише? Да, но многу вистинито. Богатството на мајката, People of Strumica, шеталиште, Струмица – Струмица Денес