Не очекуваат обилни врнежи – циклон од Медитеранот вечерва ќе ја зафати Македонија

Под влијание на циклон од Медитеранот во текот на ноќта во Македонија се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд кои од запад ќе се прошируваат кон исток. УХРМ соопшти дека врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет ќе има и утре во текот на денот. Локално тие ќе бидат пообилни и понекаде ќе наврнат и до 25 литри на метар квадратен, особено во западните и југоисточните делови. Во овие региони ...