Листа на советници од СДСМ за општина Ново Село

1.Валентина Попова-Ново Село 2.Славе Стојанов-Сушица 3.Андреа Андреев-Колешино 4.Марија Манчева-Смолари 5.Коста Котев-Зубово 6.Живка Костадинова-Мокриево 7.Горан Цветков-Ново Село 8.Павле Вучков-Самоилово 9.Ленче Јанковска-Ново Коњарево 10.Виктор Стоилов-Ново Село 11.Ѓорѓи Тасев-Сушица 12.Александра Трајкова-Дражево 13.Орце Стојанов-Старо Коњарево 14.Мирчо Мирчев-Борисово 15.Валентина Стојменова-Мокрино

НЕПРЕКИНАТО СЕ ГЛАСА, ВО САМОТО НОВО СЕЛО НАЈИНТЕНЗИВНО

Сите параметри на гласењето во општина Ново Село покажуваат многу повисока излезност на граѓаните во споредба со онаа во општина Босилово. Исто така, многу од граѓаните се на работа на своите ниви, па најзголемен интензитет на излезност се очекува во попладневните часови. Во Самото Ново Село излезноста е најинтензивна, што ја зголемува нашата верба дека ќе имаме успешен референдум.

И дијаспора дојдена на референдум против рудник во Ново Село

Референдумот во општина Ново Село на кој што граѓаните треба да кажат дали се согласуваат со работата на рудникот во Иловица во моментов тече задоволнително, а излезноста досега е далеку поохрабрувачка од онаа во Босилово, информираат активистите од иницијатива „Здрава Котлина“. На социјалните мрежи иницијаторите на референдумот се пофалија дека во Ново Село дошле и припадници ...

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Јасмина Јанчева е сопственикот на единствениот козметичко-фризерски салон во Ново Село!

Јасмина Јанчева е сопственикот на единственото козметичко-фризерски салон во Ново Село  кое ќе ви ги овозможи најдобрите фризерско -козметички услуги во оваа општина па и надвор од неа. Салонот за убавина „Јасмина“ работи со маникир, педикир, надградба на нокти, шминка, фризури, шишање, депилација на лице и тело, надградба на свители трепки, ви овозможува и лепење на веги влакно ...

Реконструкција на детската градинка „Сонце”- Ново Село

Привршуваат градежните работи на детската градинка Сонце”- Ново Село. Од нејзината изградба во 1975 година до денес не беа превземени никакви градежни работи. Со реконструкцијата на истата ќе добиеме еден енергетски современ објект и значително ќе се подобрат условите за нашите најмали. Се извинуваме на родителите и им благодариме на трпението..!

Боро Стојчев – Кандидат на СДСМ за Градоначалник на oпштина Ново Село

Боро Стојчев е кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ во општина Ново Село  за претстојните локални избори кои ќе се одржат оваа година во Октомври. Информацијата е официјално потврдена и на неговата фан страница на фејсбук.  

Отчет на градоначалникот Велков за четиригодишната работа

Работа која носи подобро Почитувани граѓани на општина Ново Село, Независно дали сме биле во постојана комуникација или воопшто не сме можеле да се согласиме, разговорите кои сум ги водел со Вас, во канцеларија, на улица, во парк, на спортски натпревар или на асфалтирање на нов пат, се разговори кои ме одржаа искрен, инспириран и мотивиран во исполнувањето на зацртаните цели. Тие разговори ...

ОПШТИНА НОВО СЕЛО: НОВО СЕЛО Е МАКЕДОНСКА ХРИСТИЈАНСКА ОПШТИНА

На барање на Владата на Република Македонија – Министерството за труд и социјална политика за давање на мислење по однос на Стратегија за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 година,општина Ново Село го достави мислењето за Стратегијата за трајно населување на бегалците на нашата територија:

(ФОТО) Асфалтирање во Ново Село

Во Ново Село се изврши асфалтирање на улицата Ленинова во должина од 310 метри и ширина на коловозот од 4 метри со уредени банкини од двете страни на улицата. Со асфалтирањето на останатите улици опфатени со Програмата за асфалтирање за 2017 година во другите населени места ќе се продолжи во месец Септември по завршувањето на годишниот одмор на вработените во фирмата изведувач на работите.

Авионско прскање против комарци и во Ново Село

Се известуваат граѓаните на општина Ново Село дека на ден 30.07.2017 година (Недела) во раните утринските часови во периодот од 04:30 – 09:30 часот, преку специјализирана авио-компанија ќе се изврши авионско прскање против комарци. Доколку временските услови не дозволуваат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе на 31.07.2017 година во истиот временски период. Се предупредуваат сопствениците ...