(ФОТО) СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ СТРУМИЦА-ДАБИЛЕ, ИМА И ПОВРЕДЕНИ!

Околу 22:00 часот синоќа на патот Струмица-Дабиле или поточно кај бензинската станица  на „Лукоил“ се случи сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и мотор. Како што не информираа очевидците има и повредени бидејќи пристигнала и брзата помош а веднаш потоа пред болницата се собрало и народ. Повеќе детални информации очекуваме во текот утрешниот ден.  

Во сообраќајка во Струмичко повредено 17-годишно момче

Вчера во 15.30 часот на локалниот пат во , струмичкото село Василево се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл лифан, со струмички регистарски ознаки, управуван од петнаесетгодишник од с.Василево и мотоцикл меидуо,без регистарски ознаки управуван од петнаесетгодишник од с.Василево. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник на мотоциклот лифан од село ...

Загина мотоциклист кај Струмица

Вчера околу 13.40 часот во Струмица, на регионалниот пат с. Мокрино – с. Мокриево, се случила сообраќајна незгода во која Д.Ц. од с. Колешино, управувајќи мотоцикл непозната марка, загубил контрола и излетал од патот. Од здобиените повреди Д.Ц. починал на местото на настанот. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.

6-ти Меморијален мото собир во чест на Деан Сузуки

Започнуваат подоготвките за 6-от по ред меморијален мото собир во чест на Деан Сузуки. И оваа година по вторпат официјални спонзори се градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, градоначалникот на општина Василево Ванчо Стојанов, Фото Виолета, Мега Принт, Разнопромет Ас, ТА Атлантис и Заложна куќа “AС Трансфер Груп” Радовиш.  Струмица Денес и оваа година ќе биде официјален ...

Татко и син купувале со фалсификувани евра

Секторот за внатрешни работи-Струмица до ОЈО-Струмица  поднесе кривична пријава  против В.Л (53)  и В.Л (21)  татко и син и двајцата од с.Прдејци, општина Гевгелија, поради постоење основано сомнение дека истите сториле кривично дело “фалсификување пари” за што од страна на судија на претходна постапка при Основниот суд Струмица на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од ...

ФОТО: Мотоциклист повреден во близина на Католичката црква

Попладнево на улица Дојранска во близина на кртосницата кај Католичката црква и Старата Болница  се случи сообраќајна незгода во која е повреден возач на мотор. Според очевидците и лицата кој ни ја испратија фотографијата возачот изгубил контрола при што паднал од моторот и се здобил со телесни повреди. Немаме информации дали во несреќата учествувало и друго возило. Луѓето кои се ...

ФОТО: Излета мотор во каналот кај „Крушевска“

Утрово во каналот на улицата „Крушевска“ во близина на транзитниот пат излетал мотор. Засега не се знае кој е сопственикот на моторот и кои биле причините поради што излетал од патот и паднал во каналот. Повеќе информации во текот на денот. Фотогорафиите до нашата редакција ги испрати наш читател.