Заев: Татко ми беше магациoнер, а мајка ми наставник, но се занимававме со земјоделие зашто се вадеа пари

  Премиерот, Зоран Заев, им испрати пораки на граѓаните дека Македонија има плодно земјиште кое, рече, треба да се искористи за да се зголеми производството на здрава храна. Тој посочи на своето семејство како пример дека секој може да се занимава со земјоделство, за дополнителна заработувачка. -Од бога ни е благословено поднебјето. Ако луѓето немаат мотив да се занимаваат со земјоделство ...

(ВИДЕО) Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова им ја претстави Македонија и Струмица на навивачите на Барселона

Наташа Андонова, најдобрата македонска фубалерка им ја претстави Македонија на навивачите на Барселона, во интервју за клупската телевизија. Андонова во петминутното интервју зборува за убавините на Македонија, за родниот град Неготино, за Струмица, Скопје, традициите во нашата држава за Велигден и за Божиќ, за традиционалните јадења, но и за македонската азбука и кирилицата. Најдобрата ...

СТРУМИЧАНИ ПОВТОРНО ОРГАНИЗИРАНИ ЗА УТРЕШНИОТ ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ ЗА МАКЕДОНИЈА-ПОАЃАЊЕ ВО 10:00 ЧАСОТ!

Струмичани утре повторно се организирани во голем број за протестот во Скопје кој е за зачувување на идентитетот, името,јазикот, државата. Организаторите апелираат сите оние кои се заинтересирани утре во 9:30 часот наутро да бидат пред Тинекс а тргнувањето е во 10:15 часот. Инаку, пред 3 дена се одржа голем протест во Скопје на кој присуствуваа околу 1.200 струмичани. Протестот е организиран ...

Македонија договара мајски тест со Венецуела, желба е да се игра во Струмица

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) е во преговори за пријателски натпревар во мајскиот термин со репрзентацијата на Венецуела, селекција која се наоѓа на 48. позиција на ФИФА-листата, дознава Gol.mk. Јужноамериканската селекција високо котира меѓу светските фудбалски селекции и би била одличен тест за избраниците на Ангеловски. Терминот на натпреварот би бил во мајскиот слободен ...

МАКЕДОНИЈА ГО МЕНУВА ЗАКОНОТ: ВЕЌЕ НЕМА ДА ИМА КЛАДИЛНИЦИ НА СЕКОЈ ЧЕКОР!

Сите обложувалници и казина кои се наоѓаат на помала оддалеченост од 300 метри од основните и средните училишта ќе мора да се затворат, предвидуваат новите измени во Законот за игри на среќа. Според нив, ниту една обложувалница или автомат клуб нема да смее да биде блиску до училиштата. Со измените се предвидува да се вратат лиценците за секоја деловна просторија за автомат клубовите ...

ДИЈАСПОРАТА ОД ЕВРОПА НА НОЗЕ ЗА МАКЕДОНИЈА: МАСОВНИ ПРОТЕСТИ НИЗ НЕКОЛКУ ДРЖАВИ!

  Македонските заедници во Швајцарија, Германија, Франција, Италија и Велика Британија денеска одржуваат протести за заедничка и унитарна Македонија, соопшти Светскиот македонски конгрес. Македонската заедница во Швајцарија протестот го започнува со собир во 12.00 часот на Quai Wilson 47 – 1201 Geneve – Palais Wilson. Собирот ќе продолжи со марш долж Avenue de France од 12.00-13.00 часот, до Плоштадот на Обединетите ...

Почнуваме во Струмица, завршуваме со фешта во Скопје?

Раководството на Фудбалската федерација размислува својот прв натпревар на домашен терен, оној на 9. септември против Ерменија повторно да го игра на стадионот „Младост” во Струмица, каде лани и ги завршивме оние квалификации за СП во Русија, во дуелот со селекцијата на Лихтенштајн. Согласно со најавениот распоред, најдобрата македонска репрезентација првиот натпревар во Лигата ...

(ФОТОГАЛЕРИЈА) СЕЛЕКТ СИНОЌА ПРЕПОЛН СО МАКЕДОНСКИ НАВИВАЧИ И ПОКРАЈ ПОРАЗОТ НА МАКЕДОНИЈА!

И покрај високиот пораз на македонската ракометна репрезентација од Шпанија сепак тоа не беше главната причина да не се навива за Македонија бидејќи тие се нашите херои. Селект беше преполн од навивачи а атмосферата на високо ниво. Во продолжение погледнете дел од фотографиите:

СТРУМИЦА ДЕНЕС ОРГАНИЗИРА ЗАЕДНИЧКО СЛЕДЕЊЕ НА НАТПРЕВАРОТ ВО НЕДЕЛА: ГОЛЕМА ЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ ЗА САМО ЕДЕН ДЕН!

Во недела со почеток од 20:30 часот МАКЕДОНСКАТА репрезентација игра важен натпревар против репрезентацијата на Шпанија, меч кој можеби ќе го обезбеди посакуваното полуфинале. По тој повод, порталот Струмица Денес организираше заедничко следење на натпреварот во СЕЛЕКТ на кое многу струмичани покажаа голем интерес уште на првиот ден откако беше креиран евентот. Да се собереме во уште ...

УТРЕ Е ГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ

На полноќ се отвора небото. Според православниот обичај, во домовите се пуштаат чешмите, за да се освети водата и се означува големиот христијански празник Богојавление – Водици. Денеска, ден пред празникот на празниците меѓу верниците позната како Водокрштение и Водокрст или Водопост, е строг пост. Инаку празникот Водици се празнува два дена. Првиот, утре 19 јануари, Богојавление. ...