Градоначалникот Јаневски одржа средба со претставници на Министерството за одбрана

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска, одржа работна средба со Драган Николиќ државен секретар во Министерството за одбрана и неговите соработници. На средбата се разговараше за предавање на сите објекти во поранешната касарна од Министерството за одбрана на општина Струмица. Првиот објект во трајно користење, општина Струмица го доби во декември 2017 година. ...

Градоначалникот Јаневски беше домаќин на децата со Даунов синдром

Градоначалникот Коста Јаневски денеска беше домаќин на децата со Даунов синдром и нивните родители – членови на здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Вера“ од Струмица. Пријателството беше причината за дружењето, а поводот – Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, само ден за потсетување што е направено и што уште треба да се направи во унапредувањето ...

Јаневски:Ќе бидеме партнери во унапредувањето на животот во ромската заедница

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска учествуваше на конференцијата за промоција на Програмата ROMACTED „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локални ниво“ заедничка програма на Европската унија и Советот на Европа, а која што се одржа во Скопје. Целта на оваа Програма е да се изгради политичка волја и одржлив политички ангажман на локалните ...

Градоначалникот Јаневски во работна посета на ООУ „Видое Подгорец“

Градоначалникот Коста Јаневски со своите соработници од одделението за образование на општина Струмица, денеска, го посетија основното општинско училиште „Видое Подгорец“ и остварија работна средба со директорот на училиштето, Леонид Танчев. Во рамките на посетата беа разгледани условите за работа, а се разговараше и за подобрување на инфраструктурата на спортските игралишта, ...

Градоначалникот на општина Струмица објави ЈАВЕН ПОВИК!

ЈАВЕН ПОВИК За прибирање предлог проекти во рамките на приоритетните области: “ Локален економски развој, Социјална заштита, Заштита на животната средина, Образование, Млади, Родова еднаквост и човекови права“ од Здруженија и Фондации од Општина Струмица за 2018 година за финансирање од Програмaта G1 Поддршка на ЛЕР од Буџетот на Општина Струмица за 2018 година. Финансиските средства ...

Градоначалникот Јаневски им го честиташе освоеното прво место на одбојкарките на ООУ „Видое Подгорец“

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска организираше прием за членовите на одбојкарскиот тим на основното општинско училиште „Видое Подгорец“ кој го освои првото место на државното првенство во одбојка за основните училишта во женска конкуренција. Градоначалникот и младите одбојкарки разговараа за првенството, за нивната игра и постигнатиот успех. Честитајќи ...

Градоначалникот Јаневски на трибина со земјоделците и откупувачите од регионот

  Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска, присуствуваше на трибината со земјоделците и откупувачите од регионот која што се одржа во хотелот „Сириус“ во Струмица. На трибинатата на која што присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, се разговараше за моменталната состојба со градинарското производство и откупот ...

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод 8. Март – Меѓународниот ден на жената

Почитувани сограѓанки, Пред повеќе од еден век социјалдемократките Клара Цеткин и Роза Луксембург заедно со своите истомисленички, ја започнале борбата за правата на жената, кревајќи го својот глас против родовата нееднаквост и обесправеност на жената. За жал, таа борба сеуште трае. Бидете дел од неа, за Вашите општествени, граѓански и социјални права. Отсекогаш сум бил, сум и ќе останам ...

Градоначалникот Јаневски учествува на симпозиум за градоначалници во Виена

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, учествува на дводневен симпозиум за градоначалници кој што се одржува во Виена, Австрија. Темата на симпозиумот е одржлив, инклузивен урбан развој во Југоисточна Европа – градови за луѓето, а целта е јакнење на капацитетите на единиците на локалната самоуправа во Југоисточна Европа. Покрај Јаневски, на симпозиумот во Виена учествуваат ...

Градоначалникот Јаневски на Тримери во ООУ „Маршал Тито“ во Струмица

Градоначалникот Коста Јаневски, денеска, присуствуваше на одбележувањето на празникот Тримери во основното општинско училиште „Маршал Тито“ во Струмица. Учениците и наставниците во соработка со родителите, преку богата посна трпеза и пригодна програма, одлично ги презентираа традиционалните обичаи карактеристични за празникот Тримери.