(ФОТОГАЛЕРИЈА) СПЕКТАКУЛАРНА ПРВА ИЗЛОЖБА НА ЛИКОВНИ ДЕЛА НА МЛАДИОТ СТРУМИЧКИ УМЕТНИК ТАШЕ ПЕФЌЕВ!

Во просториите на НУЦК „АНТОН ПАНОВ“-СТРУМИЦА вечерва младиот талентиран уметник Таше Пефќев ги собра струмичани на едно место и го прикажа својот талент кој веруваме дека во иднина ќе му придонесе многу. Просторијата беше претесна од народ, насмеани лица и солзи радосници можеа да се забележат кај најблиските на Пефќев. Таше со сигурност е првиот млад уметник во Струмица кој направи ...

МЛАДИОТ СТРУМИЧКИ УМЕТНИК ТАШЕ ПЕФЌЕВ НА 25 МАРТ ВО НУЦК „АНТОН ПАНОВ“ ЌЕ ЈА ОДРЖИ СВОЈАТА ПРВА ИЗЛОЖБА НА ЛИКОВНИ ДЕЛА

Младиот струмички уметник Таше Пефќев кој има само 17 години а со своето творештво веќе навлегува во зрелиот уметнички свет, на 25 март со почеток во 19:00 часот во просториите на НУЦК „Антон Панов“ – Струмица ќе ја одржи својата прва изложба на ликовни дела. Пефќев на присутните ќе им претстави 18 уметнички дела за кој како што вели тој се изработени со голема љубов и внимание. Инаку, Таше ...

Отворена изложбата „Артерии“ на ликовната група „Пресек“ од Струмица

Во изложбениот салон на Завод и музеј Струмица  синоќа беше отворена изложбата „Артерии“ на ликовната група „Пресек“ од Струмица. На оваа, втора изложба на групата, што ја сочинуваат четворица ликовни уметници од Струмица, Љупка Галазка-Василев, марјан Ѕин, Никола Пијанманов и Ване Костуранов беа изложени дела кои авторите ги создале оваа година. -Со оваа групна изложба, авторите ...

Изложба на ликовното студио од ЦK „Јане Сандански“ од Ново Село

Домот за деца и млади „Благој Јанков Мучето“ од Струмица денеска во Домот на АРМ ја организираше изложбата на дела на ликовното студио што работи во склоп на Центарот за култура „Јане Сандански“ од Ново Село.  На изложбата се поставени 28 дела на млади креативни автори кои велат дека петгодишната работа во ликовното студио им било од голема корист. – Јас пет години работам ...

Во Струмица отворена изложба на лица со хендикеп

Уметнички слики, ракотворби изработени од текстил и дрво и други креативни експонати изложија денеска лицата со хендикеп од Струмица на изложбата „Можеме и умееме и не сме поразлични од Вас“ што се одржа во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Настанот го организираа здруженијата на лица со посебни потреби на иницијатива на Роза Мојсовска од Заводот за рехабилитација ...

(ФОТО) СТРУМИЧАНКАТА КРИСТИНА ЗИМБАКОВА СО ИЗЛОЖБА ВО БЕЛФАСТ,СЕВЕРНА ИРСКА!

Струмичанката Кристина Зимбакова имаше своја изложба во Белфаст,Северна Ирска во организација на Факултетот за уметност при Универзитетот „Алстер“, а во рамките на светската конференција за Силвија Плат.  „Инсталацијата „Песни, куфери“ е поттикната од творештвото на влијателната американска поетеса Силвија Плат (1932-1963), и се состои од скулптура-куфер и 19 цртежи. 19-те цртежи ...

(ФОТО) Талентираниот средношколец Таше Пефќев со прва изложба на патрониот празник на СОУ „Димитар Влахов“

Талентираниот средношколец Таше Пефќев денеска во склоп на патрониот празник на СОУ „Димитар Влахов“ одржа своја прва изложба на која беа презентирани повеќе уметнички дела под менторство на проф. Љупка Галазска-Василев.   Таше во иднина без размислување со сигурност ни рече дека планира својот талент да го надоградува на еден од факултетите за уметност во Република Македонија. ...

Отворање на изложбата „Несовршен простор“ утревечер во Струмица

Групната изложба „Несовршен простор“ од конкурсот за современи македонски сликари, на кој е наградено едно ликовно дело утревечер ќе биде отворена во Струмица. – Целта на проектот е да ги мотивира и промовира активните сликари кои создаваат автентично творештво во време кога сликарството се истиснува на маргините од сцената, од вакумот на новите медиуми и услови на брзо продуцирање ...

Изложба „Живот во бои 2“ на Андријана Мациев во Струмица

Во ликовната галерија на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица синоќа беше отворена изложбата „Живот во бои 2“ на Андријана Мациев. Во изложбениот салон се поставени слики и цртежи на авторката, која за себе вели дека го гледа животот во бои. – Драго ми е што имам прилика да ги изложам моите дела во Струмица. Лани бев учесник на Струмичката ликовна колонија и остварив навистина ...

Во Струмица изложба за Мери Метјус и Американското училиште за девојки во Битола

  Заводот и музеј во Струмица вечерва во 18 часот ќе ја отвори изложбата „Мери Л. Метјус и Американското училиште за девојки во Битола 1888-1920“, што ја организира Пеги Хенсон, внука на Мери Метјус. Изложбата содржи историски документи и фотографии, сопственост на нејзината фамилија. Тие се хронолошки приказ на животот на Мери Метјус, како мисионерка во Американското училиште за девојки ...