(ФОТОГАЛЕРИЈА) БОЖЈИОТ ХРАМ ПРЕПОЛН СО ДЕЧИЊА- МОЛЕБЕН ЗА БЛАГОСЛОВУВАЊЕ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

Возљубени во Христа, со благослов на Високопреосветениот Митрополит Струмички г.Наум, денеска во Црквата на „Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” во Струмица, се отслужи молебен за благословување на новата учебна година со почеток од 17:00 часот.

ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК- ЧИТАЊЕ НА 12-ТЕ ЕВАНГЕЛИЈА ВО СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Со осветување на Маслото и Елејот утринава во Соборниот Храм Свети Кирил и Медотиј во Струмичката Епархија започна чествувањето на трите најголеми денови пред Велигден. Велики четврток, Велики Петок и Воскресната сабота пред Велигден. На Велики четврток во Соборниот храм вечерва со почеток од 18 часот ќе започне службата со читање на 12-те Евангелија. Преку нив верниците се присутни ...

ВИДЕО: Православниот храм преполн – верници од секаде денес на Чудотворната икона

Повеќе градови низ Македонија секоја недела вршат организирани превози до Струмица за посета на Чудотворната икона на Пресвета Богородица која во неделата беше донесена од Света Гора во Православниот Храм Св. 15 Тивериополски Свештеномаченици. Еве каква е сликата ова неделно попладне. ВИДЕО- ФБ Сречко Гунчев

(ФОТО) Велики Петок во храмот Св. „Кирил и Методиј“

Денес е Велики Петок, денот на Христовите страданија кои се случувале доцна во ноќта по полноќ. Токму денес со почеток во 11:00 часот беше изнесувањето на Светата Плаштаница во Свети Кирил и Методиј во Струмица. Светото Оплакување пак и Погребението ќе бидат со почеток во 19:00 во истиот храм. Вчера вечер црквата ги отслужи 12-те Евангелија, со кои се одбележува Тајната Вечера, предавството. ...

(ФОТО) Остатоци од стариот храм св. Димитриј во Струмица

По палењето на Струмица на осми август 1913 година од страна на Грците останале многу малку објекти што и денеска се зачувани. Но има и такви објекти коишто останале само во сеќавањето на струмичани или пак ги имаме само на фотографии. Оваа е една од најретките фотографии од тогашниот храм св. Димитриј кој подоцна бил целосно разрушен, а на негово место е изградено денешното основно училиште ...

Во сите струмички храмови ќе бидат поделени лепчиња со паричка

На празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики 14.01 во сите храмови во Струмица, согласно светоотечкото Предание, на верниот народ по Божествената Василиева Литургија ќе му биде поделено лепчиња со паричка.

Што се случува со градбата на соборниот храм во Струмица?

„Што се случува со градбата на соборниот храм во Струмица?!“ – пред извесен период  прашаа од Дежурна критика, преку нивната ФБ фан страна. „..Патем огромниот простор околу градилиштето кој е веќе длабоко навлезен во централното подрачје на градот останува најхаотичната и најгрдата точка на урбанистичката слика на Струмица, и тоа трае бесконечно…“ – стои, меѓу другото, во ...

Ќе се доработува фрескоживописот во манастирот Св. Петнаесет Свештеномаченици

Во манастирот Св. Петнаесет Тивериополски Маченици ќе се доработува фрескоживописот. Ѕидовите од внатрешноста на манастирскиот Храм се спремаат за фрескопис.   Од храмот велат дека првата фаза е завршена, на ѕидовите е нанесена подлога. Отакко ќе се исуши подлогата, ќе се започне со втората фаза, фрескописание. Фрескописанието ќе се работи етапно.

Свечена литургија и хорско пеење во храмот Св. Кирил и Методиј

Во црквата Св.Кирил и Методиј во Струмица утрово се одржа свечена литургија по повод големиот празник чие име го носи и светиот храм. Со литургијата за чествувањето на денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј богослужеше отец Димитар. На богослужбата присутни беа голем број верници, а свој настап имаше и црковниот хор.

ФОТО: На денешниот празник моштите на Св. Василиј Велики изложени пред јавноста

Денеска, по повод големиот православен празник Св. Василиј Велики во сите цркви на струмичката епархија се одржа божествена литургија.Традиционално во секој православен храм се делеше лепче со паричка со благослов од Митрополитот Наум, а на оние кај кои се падна паричката добија Библија. Почнувајќи од вчера во очи на празникот па се до денес до 19 часот во храмот Св. Кирил и Методиј ...