Градоначалникот Јаневски во работна посета на Советот на Европа во Стразбур

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, престојуваше во дводневна работна посета на Советот на Европа во Стразбур, Франција. Во работната сесија на Советот, Јаневски учествуваше како член на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). Во агендата на дводневната работна сесија, покрај другите настани, се одржа и настан посветен на Република ...

Градоначалникот Јаневски одржа средба со претставници на Министерството за одбрана

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска, одржа работна средба со Драган Николиќ државен секретар во Министерството за одбрана и неговите соработници. На средбата се разговараше за предавање на сите објекти во поранешната касарна од Министерството за одбрана на општина Струмица. Првиот објект во трајно користење, општина Струмица го доби во декември 2017 година. ...

ЕМАГАЗИН: ОПШТИНА НОВО СЕЛО РАСПИША НАБАВКА НА ЛУКСУЗЕН АВТОМОБИЛ ОД 36.000 ЕВРА!

  Општина Ново Село распиша оглас за набавка на ново патничко моторно возило (лимузина) по пат на финансиски лизинг. Проценетата вредност на договорот без ДДВ е 2.190.678 денари, а главен критериум за доделување на договорот е најниска цена. Целосната вест може да ја поглегнете на следниот ЛИНК ИЗВОР: ЕМАГАЗИН  

УШТЕ ЕДЕН ЈАВЕН ПОВИК ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА!

Врз основа на член 39 од Статутот на Општина Струмица („Службен гласник на Општина Струмица„ бр5/06), Градоначалникот на општина Струмица објавува ЈАВЕН ПОВИК За прибирање предлог програми во рамките на приоритетната област “ Социјална заштита “ од Здруженија и Фондации од Општина Струмица за 2018 година за финансирање од Програмaта V2 Програма за Социјална заштита од Буџетот на Општина ...

Градоначалникот на општина Струмица објави ЈАВЕН ПОВИК!

ЈАВЕН ПОВИК За прибирање предлог проекти во рамките на приоритетните области: “ Локален економски развој, Социјална заштита, Заштита на животната средина, Образование, Млади, Родова еднаквост и човекови права“ од Здруженија и Фондации од Општина Струмица за 2018 година за финансирање од Програмaта G1 Поддршка на ЛЕР од Буџетот на Општина Струмица за 2018 година. Финансиските средства ...

Градоначалникот Јаневски и општина Струмица не го оправдуваат користењето животни во карневалски цели

Врз основа на реакцијата на здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ во која меѓу другите се повикани и градоначалникот и Општина Струмица, а во врска со наводната злоупотреба на жив штрк во маска на големиот Струмички карневал, отворено се оградуваме од каква било вмешаност и вина во конкретниот случај. Градоначалникот Коста Јаневски и Советот на општина Струмица беа само ...

Градоначалникот Jаневски ја отвори изложбата „Карневалски слики 2017“

  Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, синоќа, во центарот за култура „Антон Панов“ ја отвори изложбата на карневалска фотографија „Карневалски слики 2017“. Изложбата по девети пат ја организираше Здружението на граѓани „Евро-визија“ во рамките на карневалските празнувања во Струмица. Фотографиите на фоторепортерот на „Слободен Печат“ Борче Поповски и на младиот ...

Градоначалникот Јаневски обезбеди еднократна парична помош за секое новородено дете во општина Струмица

  За градоначалникот Коста Јаневски, децата се најголемото богатство и иднината на општина Струмица и секогаш ќе бидат нејзин приоритет. На негова иницијатива, општина Струмица започна со доделување на еднократна парична помош во висина од три илјади денари на секое новородено дете на одделението за гинекологија и акушерство во Медицинскиот центар во Струмица. Оваа помош ќе ја ...

СТРУМИЧКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК КОСТА ЈАНЕВСКИ ПОТПИША ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА

  Шеесет и еден носител на јавни функции во државата денеска ја потпишаа Декларацијата за борба против корупцијата . Меѓу нив e струмичкиот градоначалник на општина Струмица Коста Јаневски, јавниот обвинител на Република Македонија, Љубомир Јовески, јавната обвинителка за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, ...

Лепчето со паричка се падна кај градоначалникот Јаневски

  По повод Стара нова година, вработените во општина Струмица ја испочитуваа традицијата на кршење лепче со паричка. Во одделението за административна поддршка на градоначалникот, лепчето со паричка се падна кај градоначалникот Коста Јаневски. Според верувањата, тоа значи дека ќе го следи среќа во текот на целата на година. Истовремено, значи успех и бериќет за сите граѓани на ...