Кучињата скитници во градинките претставуваат опасност за дечињата

Граѓаните на Струмица веќе подолг период се сведоци на голем број кучиња скитници. Кучињата се движат во цели глутници, а доколку тоа досега беше проблем само низ маалски улички сега можат да се забележат и во градинките, места каде што се носат дечињата и тоа претставува огромна опасност за нив. Проблемот со кучињата скитници се наметнува континуирано. До нашата редакција неодамна ...

Градинката „Детска радост“ ги подобрува условите и во Клоновите 3 и 6

Покрај поставувањето на термо фасада во Клонот 4, истовремено се работи на подобрување на условите и во останатите клонови на градинката „Детска радост“ во Струмица. Во Клонот 3 се врши заменување на старите со нови електрични апарати. Извршена е набавка на еден професионален електричен шпорет и професионална машина за перење, а во Клонот 6 еден професионален електричен шпорет. Вкупната ...

„Паркиралишта – Струмица“ донираше играчки во градинката „Детска радост“

Јавното претпријатие „Паркиралишта – Струмица“ денеска донираше играчки во клонот 3 на градинката „Детска радост“ во Струмица. Според Верица Узунова, директор на претпријатието, по вторпат се донира во градинката согласно одлуката еден процент од приходите остварени преку зонското паркирање да се донираат во градинката „Детска радост“. Првата донација се реализираше во септември ...

Градинката во Василево доби пешачка патека и паркинг простор

Заврши изградбата на пешачка патека и паркинг просторот што води кон градинката „Прва радост“ во Василево. Според градоначалникот Ванчо Стојанов, со ова се овозможува подобар пристап на родителите и дечињата кои секојдневно го користат овој простор. Површината на паркингот и пристапната патека изнесува околу 910 квадратни метри. Градинката има капацитет за околу 70 деца, а надлежните ...

Во градинката „Детска радост“ се реализираше проектот „Без плачка до играчка“

Дечињата од градинката „Детска радост“ Клон 6 денеска уживаа во реализацијата на проектот „Без плачка до играчка“. Ученици од петто до деветто одделение од основното општинско училиште „Никола Вапцаров„ ги анимираа децата од предучилишна возраст со музички точки, приказни и драматизација на популарната „Маша и медо“, а на дечињата од тригодишна возраст им подарија и играчки. Целта ...

Градинката во Василево доби признание за најуспешен проект од ИПА програмата

Градинката „Детска радост“ во општина Василево доби афирмација за еден од 15-те најуспешни проекти реализирани преку Програмата за прекугранична соработка од 2007 до 2014 година. Проектот Македонче и Бугарче – рака за рака, е изработен во соработка со општина Струмјани од Бугарија. На конференцијата што се одржа во главниот град на Бугарија, Софија, градоначалникот Ванчо Стојанов најави ...

Под мотото „Сите деца со исти права за подобро утре“ се слави детската недела во Струмица

Во градинката „Детска радост“, клон Главна управна зграда се одбележува Светската недела на детето под мотото „Сите деца со исти права за подобро утре“. Дечињата сакаат да има мир, спокојство и среќа. Секоја година се слави првата полна недела од месец октомври. Како што во стиховите и самите кажаа: „Есента полна кога блика, првата недела цела детска недела се вика“. По тој повод ...

Битолско чупе во „Детска Радост“, Струмица

Во градинката „Детска Радост“ во Струмица дечињата ги посети чупето проаѓајќи долг пат специјално да ги види и да се подружи со нив. Заедно си поиграа во салата, чупето им ја прочита сликовницата и на сите им подели подароци полни со знаење и мудрости.

Еколошкото друштво Планетум го развесели дворот во градинката Клон 1

Заеднички и волонтерски по иницијатива на учителката Виле и талентот на Иван Јанев, ЕД Планетум го освежи и развесели дворот во градинката Клон 1. Им посакуваме на дечињата среќен почеток и се надеваме дека ќе инспирираме идни еко – генерации.  „Можеш и ти да придонесеш за разубавување на твојата околина“.  

Градинката Клон 1 стана прекрасно катче за најмладите

Комплетно е разубавен комплексот на детската градинка „Детска радост“ Клон 1, кој со последните зафати стана прекрасно катче за престој на децата и во внатрешниот дел, но и во дворната површина. Бојадисани во разни бои огради и клупи, прекрасни цртежи на ѕидните површини, се само дел од реализираните зафати, кои направија дворот на градинката да биде разигран и шарен исто како и во ...