Со средства од општинскиот буџет ќе се субвенционира дел од надоместокот за приклучок на гасоводниот систем

Со средства од буџетот на општина Струмица ќе се субвенционира дел од надоместокот за стандарден приклучок на дистрибутивниот гасоводен систем на Јавното претпријатие за енергетски дејности „Струмица – гас“. Зелено светло на оваа одлука дадоа членовите на Советот на општина Струмица на вчерашната седма седница. Делот што ќе биде субвенциониран е во износ од 100 евра по приклучок ...

За 11% „Струмица – Гас“ ги намали цените на природниот гас

Согласно утврдената методологија и кварталното утврдување на цена, Јавното претпријатие за енергетски дејности „Струмица – Гас“ од 1-ви април ги намали цените на природниот гас за 11 посто со што природниот гас дефинитивно е најефтин енергенс. Имајќи го во предвид намалувањето кое се изврши во месец октомври мината година, цената на гасот споредена со минатогодишната грејна сезона ...

Во Македонија ќе се градат два гасоводи, еден ќе поминува низ Струмица

Во рамки на регионалната иницијатива ЦЕСЕК, Македонија предложи свои два проекта за гасно енергетско поврзување со земјите од Централна и од Југоисточна Европа. За таа цел во Дубровник е потпишан Меморандум за разбирање за заеднички пристап за решавање на диверзификацијата на природниот гас и предизвиците на безбедноста на снабдување. Според меморандумот,  земјава ќе добие уште ...