ПАДНА И КОЖУВ: БЕЛАСИЦА НЕЗАПИРЛИВО СЕ ДВИЖИ КОН ПРВАТА ЛИГА!

Денеска со почеток од 15:00 часот на градскиот стадион во Струмица се одигра натпреварот од втората македонска лига помеѓу екипите на Беласица и Кожув. Очекувано, Беласица повторно му нанесе пораз на противникот со резултат од 3:0.   ⚽ Мартин Мирчески ⚽ Крсте Тодоров ⚽ Никола Божинов

ВИДЕО: Каква АТРАКЦИЈА – Струмичанецот Јани Атанасов даде гол со „ножички“ против Англија!

  Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години рано во натпреварот дојде до предност против големиот фаворит Англија (0-1), на атрактивен начин, со погодок на Јани Атанасов. Фудбалерот на Академија Пандев успеа да го надмудри противничкиот голман уште во 3. минута од мечот. Еден од лидерите на оваа репрезентација погоди атрактивно, со ножички, откако одлично доби топка ...

„Пандевци“ испуштија триумф во 93. минута

Фудбалерите на Академија Пандев ниту по осум кола и речиси четири месеци не успеаја да ги израдуваат своите фанови со победа во ПМФЛ. Новајлијата во елитното фудбалско друштво на свој терен, иако до 90. минута имаше предност од 1-0, не успеја да го совлада битолски Пелистер, откако гостите длабоко во судиското надополнување преку дефанзивецот Александар Ристевски стигнаа до нерешен ...

УШТЕ ЕДЕН ДЕРБИ НАТПРЕВАР: СИЛНАТА БЕЛАСИЦА ПРОТИВ ФК БРЕГАЛНИЦА!

Во сабота со почеток од 14:00 часот на градскиот стадион во Штип ќе се одигра уште еден дерби натпревар во втората македонска фудбалска лига – Исток помеѓу струмичката гордост, односно силната Беласица и Фк Брегалница од Штип. Како и секогаш, нашите момци ќе ја имаат поддршката од верните навивачи Ајдуци!

ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ ВО СТРУМИЦА

Продолжува турата наречена „Победа“ низ цела Македонија. Мечот против Работнички се игра во Струмица Мечот помеѓу Победа и Работнички кој се игра следниот викенд одлучено е да се игра во Струмица. Оваа вест ќе биде потврдена наскоро, а интересна е затоа што тимот на Победа повторно го смени домашниот терен. По Турново, односно Охрид, сега како домаќин ќе биде на Младост во Струмица. ...

Осијек победник во двете категории на „Пандев Куп“

Хрватски Осијек победи во двете младински категории на првиот „Пандев Куп“ кој во организација на Академија Пандев се одржа во Струмица. На турнирот настапија 64 екипи од Македонија, Бугарија, Србија и Хрватска, во генерациите 2006, 2007, 2008 и 2009, а Осијек успеа да победи во двете конкуренции. Фудбалерите родени 2008 и 2009 година во финалето успеаја да слават над прилепска Победа со 2-1, ...

ЈУГОСЛАВ ТРЕНЧОВСКИ НОВ ТРЕНЕР НА ФК АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ!

  Спортскиот директор на Академија Пандев, Југослав Тренчовски ќе ја има и функцијата тренер на струмичани, откако Панче Стојанов се раздели со петтопласираната екипа во домашното првенство  Спортскиот директор на Академија Пандев, Југослав Тренчовски ќе ја има и функцијата тренер на струмичани, откако Панче Стојанов се раздели со петтопласираната екипа во домашното првенство.Академците ...

Погледнете ги сите групи на меѓународниот турнир „Пандев Куп“

Од утре па сè до 10 март Струмица ќе биде домаќин на првото издание на „Пандев куп”, турнир кој во иднина треба да прерасне во традиоционален. На него ќе учествуваат 64 екипи од четири држави (Македонија, Бугарија, Србија и Хрватска) во четири возрасни категории (2006, 2007, 2008 и 2009 година) и поделени во вкупно 16 групи од по четири. Ждрепката е веќе извршена, познат е составот на групите и тие ...

(ФОТО) ФК БЕЛАСИЦА ЈА ПРЕТСТАВИ НОВАТА ОПРЕМА СО ЛОГОТО НА „МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ“

ФК БЕЛАСИЦА: Со огромно задоволство ви ја претставуваме нашата нова опрема и тимска фотографија. Посебна чест и задоволство ни причинува логото на нашиот генерален спонзор “Македонски телеком”.

Академија Пандев одлучи: Остануваме во Првата лига, насочени сме кон дуелот со Ренова

По вчерашната најава дека е можно да ја напушти Првата лига, Академија Пандев ја смени одлуката и денеска реши да продолжи да се натпреварува. По тој повод клубот излезе со соопштение кое ви го пренесуваме во целост. „Почитувани, По денешниот одржан состанок на УО на ФК Академија Пандев АД, а по повод случувањата и реакциите после донесената одлука на Натпреварувачката комисија на ...