Големо невреме денеска во Македонија

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен, а во Пелагонија повремено и засилен претежно југозападен ветер. Попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во источните делови.  Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 7. Дневната температура ќе се движи од 19 до 31 степен.

Денеска се празнува Свети Михаил, епископ Синадски

Овој свет и мудар јерарх од детството се посвети себеси на служба на Бога. Се подвизуваше заедно со Свети Теофилакт Никомидиски. Еднаш во време на суша овие двајца светители со своите молитви низведоа изобилен дожд на земјата. Заради неговиот подвижнички и девствен живот, уште од неговата рана младост патријархот Тарасиј го посвети за епископ Синадски. Учествуваше на VII Вселенски ...

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Доделување дипломи на ПСУ „Јахја Кемал“- Струмица

Вчера во ресторанот Ројал Парк беа доделени дипломите на учениците од ПСУ „Јахја Кемал“- Струмица (2012\2016 година). Со присуство на родителите, со прекрасна музика и убаво расположение учениците од 4та година уживаа во нивната прослава.

„Комуналец“ врши дополнително хортикултурно уредување во центарот на градот

Работната единица „Зеленило“ при Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ изврши дополнување на хортикултурното уредување на булеварот „Маршал Тито“. Вкупно 33 теракота жардинерии се поставени околу палмите кои се засадени со цвеќиња од сортата тагетес. Ова хортикултурно уредување го надополни прекрасниот изглед на овој булевар. Дополнување на хортикултурното ...

Сончево со умерена облачност и слаб јужен ветер вo Струмица

Времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб јужен ветер, а во попладневните часови се можни изолирани појави на краткоптраен дожд со ретки грмежи. Максималните дневни температури се во благ пораст и ќе се движат во интервалот од 17 и 19 Целзиусови степени на повисоките места во југозападните и источните делови од земјата, до 26 степени на југот. Во Струмица се очекува максимална ...

И денеска продолжуваат протестите во Струмица

#Протестирам и денеска продолжуваат со протестите во Струмица за оставка на претседателот Ѓорге Иванов, против режимот на Груевски , против одлуката за аболиција и за откажување на изборите на 5 јуни. Протестот ќе започне во 19.00 часот кај зградата на старата полиција.

Денеска е Ѓурѓовден – помолете се и очекувајте чудо

Денеска е Св. великомаченик Георгиј – Ѓурѓовден. Свети Георгиј беше родум од Кападокија. Со Христос се запозна во својот дом. Кога татко му пострада за Христа и прими маченички венец, тој и мајка му се преселија во Палестина. Момчето порасна и стапи во војската на 20-годишна возраст дојде до чинот трибунал. Како таков му служеше на императорот Диоклецијан. Кога Диоклецијан почна да ...

Шарена револуција продолжуваат со протестите и денес на струмичките улици

Денес продолжуваат протестите во Струмица за оставка на претседателот Ѓорге Иванов, против режимот на Груевски , против одлуката за аболиција и за откажување на изборите на 5 јуни. Протестот ќе започне во 19.00 часот кај зградата на старата полиција.

Денеска е Велики Четврток – првото црвено јајце има магиска моќ

Денешниот празник е еден од базичните настани за Црквата. Сега се наоѓаме во средината на Страдалната се­дмица, седмица која е полна со важни настани за спасението на човекот. Во четвртокот од таа последна недела на Христо­виот живот на земјата беше востановена животоносната тајна на Црквата тајната на Евхаристијата. Таа тајна е востановена во горната соба од една ерусалимска куќа, ...

Протестите во Струмица ќе продолжат и денеска

Денес продолжуваат протестите во Струмица за оставка на претседателот Ѓорге Иванов, против режимот на Груевски , против одлуката за аболиција и за откажување на изборите на 5 јуни. Протестот ќе започне во 19.00 часот кај зградата на старата полиција.