Филмски проекции во центарот за култура „Антон Панов“ – Струмица

Вечерва, 30 март, во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, со почеток во 19,30 часот ќе биде одржана филмска проекција на четири интересни филмски остварувања… Струмичката публика ќе има прилика промотивно да го види новиот македонски документарен филм В„АЊА – СО МАКИ СУМ СЕ РОДИЛА“ во режија на Синиша Ефтимов, а во продукција на Медиа Бродкастинг. Ова е документарец за животот и кариерата ...

Пакет од културни настани за одбележување на Светскиот ден на театарот во Струмица

Струмица ќе го одбележи Светскиот ден на театарот, а љубителите на театарската уметност ќе можат да уживаат во „Народен пратеник“ и „Ни ќар ни Зијан“. Исто така, ќе се читаат и светската (Анатолиј Василев) и македонската порака (Бранко Ставрев). Ќе биде промовирана и книгата раскази насловена како „Патникот“ посветена на Васил Шишков на критичарот Борче Грозданов. Влезот е бесплатен ...

„Детски мјузикл“ вечерва во домот на културата „Антон Панов“

Вечерва во 20:00 часот во домот на културата „Антон Панов“ ќе се одржи „Концертот под маски“  организиран од музичкото училиште „Боро Џони„ од Струмица. Учениците од музичкото училиште на свој начин со изведба на повеќе музички инструменти и танцови ќе го одржат концертот, а како што најави директорката Клара Патарова дека ќе има изненадување на сцената со специјални светлосни ефекти. ...

Концерт „Музика за глас, виолочело и пијано“ во НУЦК Антон Панов – Струмица

На ден 08.03.2016 година во 19.30 часот во НУ „Антон Панов“ во Струмица, ќе се одржи концерт насловен „Музика за глас, виолочело и пијано“ со триото Богоромова, Краповски и Шкариќ. На програмата е репертоар од различни композитори од кои поголемиот дел се премиерни изведби во Македонија. Триото почнувајќи со концертот во Струмица, ќе продолжи со концерти во Тетово и Штип. Серијата концерти ...

(ВИДЕО) Струмичани повторно ќе уживаат со „Таа“

Премиерата на „Таа“ се одржа пред 5 години во НУКЦ „Антон Панов“ Струмица. Долгиот век и многуте гостувања придонесоа претставата да се игра 33 пати. Поради зголемениот интерес претставата се актуелизира со репремиера. Струмичани повторно ќе имаат можност да уживаат и да се насмеат на секојдневието на обичната, средовечната жена и сите нејзини размислувања, очекувања и „проблеми“. ...

Во Струмица премиерно прикажана монодрамата „Јане Сандански 100 години потоа“

Во организација на ОК ВМРО-ДПМНЕ, во НУКЦ „Антон Панов“ Струмица премиерно беше прикажана монодрамата „Јане Сандански 100 години потоа“. По повод 100 години од убиството и предавството на македонскиот херој Јане Сандански оваа претстава се играше во негова чест. Авторот Петар Темелковски користел архивски податоци од македонски историчари. Но оваа монодрама не претставува само обична ...

„Комуналец“ го разубави просторот околу центарот за култура „Антон Панов“

Во вчерашната акција која ја спроведе Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, просторот околу центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица доби нов лик. Исечени се самоникнатите дрвја, искосена е тревата и собран е целиот отпад кој беше фрлен околу Центарот. Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и понатаму ќе продолжи вредно да работи на одржување ...

„Комуналец“ го чисти просторот околу центарот за култура „Антон Панов“

Вработените во Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и денеска вредно работеа на одржувањето на јавната чистота во градот. Ја искористија денешната намалена фреквенција на луѓе и возила и го чистат целиот простор околу центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Се отстрануваат дрвјата, се коси тревата и се собира и подига разновидниот отпад расфрлан околу ...

На денешен ден почина великанот Антон Панов

На денешен ден, пред точно 47 години, во едно вжештено струмичко попладне почина великанот Антон Панов – еден од втемелувачите на современата македонска литература. Творечката кариера Панов ја започнал со своето најпознато драмско дело „Печалбари“ кое доста сугестивно зборува за еден од најчестите проблеми од минатото, но и современоста на македонскиот народ – потрагата по ...

Се одржа концерт на Меѓународниот камп за млади музичари

По повод започнувањето на Меѓународниот летен камп за млади музичари синоќа беше одржан концерт на кој настапија учесниците на кампот. Концертот започна во 20:00 часот, во фоајето на НУЦК „Антон Панов“ – Струмица.