Струмички планинари на експедиција на италијанските Алпи

IMG_8014

Тројца планинари од струмичкиот планинарски клуб ПАОК – Ентузијаст заедно со единаесет членови на ПК Кожув од Гевглелија минатата недела се искачуваа на плананските врвови на Алпите во Итаилија. Екипа на ПАОК – Ентузијаст ја сочинуваа планинарите Благој Ѓузелов, Марјан Дончевски и Николаус Витанов. Експедицијата се движеше на масивот Доломити кој е дел од Алпите. 

IMG_8299

Првиот ден од експедиција бил искачен врвот Пиз Бое кој се наоѓа на надморска височина од 3152. Маркираната патека до овој врв била долга околу 3 километри, а експедицијата го искачила врвот за нешто помалку од два часа.

IMG_7714

IMG_7799

Вториот дел експедицијата се искачила и на врвот Пунта Пенија, на планината Мармолада кој се наоѓа на надморска височина од 3341 метри. Планинарите тој ден пешачеле околу девет часа а поминале речиси 7 километри. Теренот по кој се движеле бил претежно стрмен за што биле потребни и алпинистички зафати.

IMG_8139

IMG_8171

IMG_8273

Во продолжение фотогалерија од експедицијатата

IMG_7946

IMG_8009

IMG_8065

IMG_8113

IMG_8127

IMG_8219

IMG_8238

IMG_8328

IMG_7750

IMG_7763

IMG_7850

IMG_7882

 

 

маркетинг


Select
Ознаки: , , ,