Струмичка фирма хортикултурно ќе ја разубавува Македонска Каменица


Општина Македонска Каменица ќе инвестира околу 160 илјади денари за хортикултурно уредување на градот. Како што информира градоначалничката Соња Стаменкова, по спроведената јавна набавка потпишан е договор со фирма од Струмица за набавка на расаден материјал од декоративни зимзелени и листопадни дрвја и грмушки.

– Планирано е да набавиме 175 садници декоративни четинари, како што се разни видови на туја, смрека, смрча, тиса, хамаеципарис, елка и неколку видови на Чемпреси. Исто така ќе набавиме 124 садници декоративни листопадни дрвја, јавор, бреза, каталпа, липа, врба, магнолија, платан и багрем, но и 95 садници зимзелени грмушки и четинари поволни за жива ограда -берберис, котонастер, жива ограда, бршлен, спиреа, смрека ( пузавец) како и неколку садници на Јапонска дуња. Вкупната вредност на договорот е 159.088 денари, а садниците ќе бидат доделени на Јавното претпријатие „Камена Река“ кое според својот план за пошумување ќе ги засади во градското подрачје. Покрај хортикултурното уредување и разубавување на градот, со новите садници ќе се придонесе и за поздрава животна средина, рече Стаменкова за МИА.

маркетинг


Select
Ознаки: ,