Струмица и Весна Пробиштип ќе се борат за титулата во националниот Куп

Во финалето на одбојкарскиот Куп на Македонија во машка конкуренција ќе се сретнат Струмица и Весна Пробиштип. Возвратните натпревари од полуфиналето само ја потврдија разликата во квалитет меѓу полуфиналистите. Бранителот на титулата во Купот, Струмица загуби од Вардар со 3-2, но поради победата од 3-0 пред своите гледачи обезбеди финале.

Весна Пробиштип и на вториот натпревар од полуфиналето го победи Студент со 3-0 и по две години пак ќе игра за титулата. Во сезоната 2015/16 пред своите гледачи пробиштипјани загубија од Шутова.

Во женска конкуренција финалисти се Универзитет Тетово и Куманово. Наковски Волеј падна во Тетово од домашниот Универзитет Тетово со 3-0, откако на првиот натпревар струмичани извојуваа победа од 3-2. Куманово како и и во првиот натпревар го победи тимот на Јанта Волеј со 3-0, како во првиот дуел и ќе се бори за титулата во Купот.

маркетинг


Select
Ознаки: ,