Што пребаруваат најчесто струмичани на GOOGLE?

„Фејсбук“, „Јутјуб“ и „Гугл“ се трите поими што интернет-корисниците од Струмица најчесто ги внесувале во пребарувачот на „Гугл“. Но, оваа истражување на Тимот на Струмица Денес има за цел да ве насмее малку на средината од неделата, бидејќи струмичани навистина пребаруваат и работи кои знаат да бидат и хумористични.Но нели, кој какви потреби има за себе, такви и ќе пребарува. Во продолжение ви претставуваме дел од нив:

1.  Идеи за карневалска маска

2. Најевтини летни понуди за Грција/ Најевтини зимски понуди за Банско

3. Заштита на земјоделските насади од студот

4. Процедура за добивање на бугарски пасош (сигурни извори)

5. Дали гробот на Александар Македонски се наѓоа на Беласица?
6. Мистеријата за закопаното злато на старите турски гробишта
 7. Модни трендови за 2017
 8. Google Translate
 9. Прашања и одговори за екстерно тестирање
10. Денешен Хороскоп
 11. Соновник
 12.Фотографии за посакување убав ден ( Семе Синапово)
 13. Како до побрзо слабеење?
14. Креативни начини за запросување!
 15. Сигурни дојави
 16. И како за крај во делот за најпребарувани имиња струмичани најмногу ги „гуглале“ Зоран Заев, Васил Пишев и Меланиа Трамп.

маркетинг


Select