,,Стари Страчинари” од Мокриево третонаградена маска на карневалот во Прилеп


Овој викенд и во Прилеп се одржа карневалска манифестација. Централната манифестација на прилепскиот меѓународниот карневал „Прочка 2018“ се одржа во недела. Здружението „Прилепски мечакари“ им додели парични награди и дипломи на учесниците, а меѓу наградените во во категоријата традиционални и современи маски третонаградена е маската „Стари Страчинари“ од село Мокриево.

Најдобра современа маска на годинашниов карнвал во Прилеп е маската „Аладин и волшебната ламба“ од Прилеп, второто место го освои современата маска „Палави колачиња“ од Пробиштип, а третото место е за маската „Црни кукли“ на средното училиште „Орде Чопела“ од Прилеп.

Странските карневалски групи добија посебни признанија, а со своите маски се истакнаа карневалските групи од Корча, Албанија, од Бела Црква, Србија и од Будва, Црна Гора

маркетинг


Select
Ознаки: ,