Средба на проектните тимови од општина Босилово и општина Грмен

Градоначалникот на општина Босилово г-дин Ључо Колев вчера оствари средба со проектните тимови од општина Босилово и општина Грмен задолжени за инплементација на проектот „Развој на туризмот во прекуграничниот регион Босилово-Грмен преку зачувување на локалните културни традиции“. На средбата се разговараше за реализираните и претстојните проектни активности. Претставниците од двата тима исто така беа во посета на културниот дом во Секирник каде градежните активности за реконструкција на овој објект се веке во тек.

 

маркетинг


Select