Советот на општина Струмица донесе одлука за нови вработувања во струмичката библиотека

Советот на општина Струмица на седмата седница донесе одлука за шест нови вработувања во библиотеката „Благој Јанков Мучето. Одлуката е донесена едногласно од сите советници.

,,Сакам да ја поздравам одлуката и на советниците на ВМРО ДПМНЕ да гласаат за годишниот план за вработување во библиотеката „Благој Јанков Мучето“ за 2018 година, затоа што е од општ јавен интерес за сите граѓани на општина Струмица и можам да кажам дека нашата библиотека е една од најдобрите библиотеки во Република Македонија. Ова едногласно гласање и на советниците од СДСМ и на советниците од ВМРО ДПМНЕ нека биде награда за целиот ангажман на директорката и нејзиното залагање во тој период со многу малку вработени, само осум и со ангажман на директорката да работи и на пултот за издавање книги и еве ова нека биде наша награда, сите ние гласавме за шест нови вработувања кои се веќе одобрени од министерството за култура и министерството за финансии. Се надевам дека во 2019 година пак  ќе добиеме согласнот за вработување, бидејќи пред 11 година во библиотеката имаше 18 вработени, рече претседателот на Советот, Марјан Даскаловски.

маркетинг


Select
Ознаки: ,