Словенечки ,,АДРИА” го вброи Струмичкиот Карневал во седумте највозбудливи зимски настани во Европа

Во последното списание на словенечкиот авио превозник Адриа ,, Во воздух,, Струмичкиот карневал е вброен во седумте највозбудливи зимски настани во Европа и го препорачуваат како туристичка дестинација. Ове е уште една потврда за високото реноме кое Струмичкиот карневал го има.

,,Традиционалните маски се карактеристика на големата парада, со невести и младоженци, особено свештеници и ѓаволи, настани од секојдневниот живот (и, се разбира, од политиката) се исто така популарни. Карневалот го достигнува својот врв на третиот ден, кога маскирани локални жители од Струмица влегуваат во домовите на жените кои треба да стапат во брак и да ги даруваат со скапи подароци. Овие домашни прослави обично продолжуваат со љубовни песни придружени со традиционални музички инструменти.” – пишува во електронското издание ,,Во Воздух” на словенечкиот авио превозник Адриа.

маркетинг


Select
Ознаки: