Што се случува со градбата на соборниот храм во Струмица?

„Што се случува со градбата на соборниот храм во Струмица?!“ – пред извесен период  прашаа од Дежурна критика, преку нивната ФБ фан страна. „..Патем огромниот простор околу градилиштето кој е веќе длабоко навлезен во централното подрачје на градот останува најхаотичната и најгрдата точка на урбанистичката слика на Струмица, и тоа трае бесконечно…“ – стои, меѓу другото, во статусот на Дежурна критика.

soboren hram strumica

„Периодов (во последните десет години) се започнаа и целосно изградија десетици храмови низ земјава, некои и огромни велелепни градби завршени во најкус можен рок. Повеќето од тие новоизградени храмови се веќе одамна во употреба а нивната градба е започната многу време после отпочнувањето на изградбата на оваа црква. Храмот во Струмица кој се гради со децении е заглавен во некоја полу-фаза на градба и никако да се подмести од таа мртва точка. Патем огромниот простор околу градилиштето кој е веќе длабоко навлезен во централното подрачје на градот останува најхаотичната и најгрдата точка на урбанистичката слика на Струмица, и тоа трае бесконечно. Дали оваа започната градба, огромна замисла и грандиозен проект не успеа да се вклопи во материјалните и идејни можности на општината и МПЦ, па сега стана сведок и симбол за едно неуспешно духовно преобразување на еден цел народ (посебно христијаните) кои живеат во овој древен христијански град?!“ –  Дежурна критика

маркетинг


Select
Ознаки: , , , ,