Седум години подоцна – Гијом Мисо

По елегантните париски улици до самото срце во Амазон, овој брилијантно напишан трилер ќе ве поведе во неповторлива авантура,прполна со напнатост и со незамисливи пресврти. Боем и уметничка со опасен карактер, Ники ќе внесе виор на свежина во стабилниот и беспрекорно среден живот на Себастијан.Тие се пример за два сосема спротивни карактери, но љубовта ќе пламне меѓу нив со незамислив интензитет.Набргу ќе се венчаат и ќе ги добијат близнаците Камила и Џереми.

gijom
Сепак нивниот брак неминовно тргнува кон крајот: осудување, афери , презир…По бурниот развод двајцата родители добиваат старателство на по едно дете. Синот кај мајката Ники, а ќерката кај таткото Себастијан. Годините назабележливо поминуваат.Двајцата повторно си ги враќаат своите животи што подалеку еден од друг. Еден ден Џереми исчезнува. Ники нема друг избор освен да побара помош од својот поранешен сопруг,кој го нема видено седум години.

 За да го спасат тоа што им е највредно и на двајцата, Себастијан и Ники ги здружуваат силите и тргнуваат во потрага по синот.Близината ги наведува повторно да ја почуствуваат привлечноста која постои меѓу нив двајцата и се запрашуваат дали е, навистина, се загубено засекогаш..

маркетинг


Select
Ознаки: ,