Се одржа трибина под наслов „Влијанието на безбедносната култура кај младите во локалната заедница“

Здружението Лумен Струмица и Истражувачки центар за безбедност,одбрана и мир – Скопје одржаа трибина под наслов „Влијанието на безбедносната култура кај младите во локалната заедница“. Трибината е дел од истоимениот проект кој е финансиски поддржан од Општина Струмица преку V2 ПРОГРАМА ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ЗА 2015 ГОДИНА ЗА ЗДРУЖЕНИЈА И ФОНДАЦИИ.

774940_535932279907928_5555172703216566907_o

12374771_535932593241230_3709168027133433126_oНа трибината се дискутираше за концептот на безбедносната култура, индикатори и предизвици. Беа презентирани наодите од спроведените активности, меѓу кои и истражувачкиот извештај од спроведената анкета. На крај беше промовирана публикација која содржи прирачник за безбедносна култура, истражувачки извештај и поимник за безбедносна култура.

12375091_535932346574588_148496642170212712_o

12377714_535932499907906_3635419825241049660_o

Заинтересираните можат да се обратат до Здружението за да добијат бесплатен примерок од публикацијата или истата може да ја преземаат во електронска форма на овој ЛИНК.

12374854_535932433241246_4067469359368144228_o

 

маркетинг


Select
Ознаки: ,