Се одржа планинарскиот марш по патеките на Мис Стон

Повеќе од двеста граѓани, претежно планинари и љубители на природата, вчера, учествуваа во петиот по ред планинарски марш „По патеките на Мис Стон“ што под покровителство на општина Василево го организираше планинарското друштво Маратон од Струмица.   Маршот е инспириран од историскиот настан познат како аферата Мис Стон.Учесниците во маршот се движеа по патеката по која во 1902 година, американската мисионерка Мис Елен Стон се движела кон своето ослободување. Тоа е патеката по која од с. Нивичино каде што била чувана како заробеник Мис Стон  била пренесена во с. Градошорци- местото каде била разменета односно ослободена.

Должината на оваа патека е околу 12 км, почетокот е на брана Турија а целта дворот нацрквата св. Илија во с. Нивичино, каде од страна на организаторот се подготвува заеднички ручек за сите учесници.

Маршот По патеките на Мис Стон е своевидно навраќање кон историјата и настаните кои се случиле токму овде но и  промоција на природните убавини со кои располага општина Василево.

DSCN9509-1024x768

DSCN9507-1024x768

маркетинг


Select
Ознаки: , ,