СДСМ: На граѓаните на Струмица и околината Мицковски им должи извинување

На денешната посета на Струмица и околните општини од страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски и неговата изјава за медиумите, СДСМ реагираа со соопштении.

,,На граѓаните на Струмица и околината Мицковски им должи извинување затоа што 11 години беа заборавени од централната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Христијан Мицкоски треба да смогне сили и да ги напушти политиките на поделби, конфликт и омраза.

СДСМ нема да дозволи деструктивните сили во општеството да ја загрозат иднината на државата, ниту пак безбедноста на граѓаните и пратениците.

Правото на протест е неспорно, уставно загарантирано. Но, јасно е дека тука не станува збор за протести, туку за организирани закани врз пратениците, врз нивните семејства и нивните домови. Лесно може да се заклучи кој стои зад ова, но ВМРО ДПМНЕ мора има предвид дека заканите, сеењето омраза и поттикнувањето насилство се кривични дела.

Секој кој ја загрозува сигурноста или безбедноста на кој билој граѓанин, мора да сноси одговорност.” – стои во соопштението на СДСМ

маркетинг


Select
Ознаки: