Руската амбасада донираше играчки за струмичка градинка

Амбасадата на Руската Федерација донираше реквизити и играчки за детската градинка „Парк“ која е дел од ЈУДГ „Детска радост“ Струмица. Иницијатори на ваквите хуманитарни акции биле и локалните власти на рускиот град Електростаљ кој е збратимен со општина Струмица.

– Оваа донација претставува уште еден знак за тесната соработка на Амбасадата на Русија и општина Струмица. Вакви хуманитарни акции правиме за да им покажеме на граѓаните на Струмица каква тесна соработка се одвива меѓу општина Струмица, Аамбасадата на Русија и Руската Федерација како држава, бидејќи Струмица има збратимен град Електростаљ. Иницијатори на овие акции е токму Електростаљ, градоначалникот и неговиот тим, а ние како амбасада ги поддржуваме и ќе продолжат и во иднина, рече Станислав Лупин, трет секретар во Амбасадата на Руската Федерација.

Претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, изрази јавна благодарност за донацијата.

– Не е првпат Руската амбасада да донира играчки за струмичките градинки. Јавно се заблагодарувам за оваа акција и се надевам дека нашата соработка ќе продолжи и ова нема да биде последен пат да се видиме, за повторно да донираат играчки и реквизити за децата од градинките, рече Христов.

08CAA3E6E040E44896A5DB262A841382

маркетинг


Select
Ознаки: , ,