Ревија на народни носии на младиот колекционер Антонио Стојчески вечерва во Струмица

Антонио Стојчески, ученик во музичкото училиште „Илија Николовски-Луј“, на насоката за традиционална музика и игра, вечерва на ревија во Струмица во „Антон Панов“ ќе ги претстави народните носии кои ги изработува веќе четврта година по ред. Стојчески е млад, но професионален презентер на македонската традиционална култура.

„Вечерва одблизу ќе и погледнеме на традицијата во очи, преку звукот на кавалот, гајдата, двојанката, сворчето и ќемането да ги почувствуваме бојата, хармонијата и раскошот на прекрасните наши македонски народни носии. Тие се дел од мојата приватна збирка“, вели Антонио.

Со освоено признание за најдобар игроорец, исклучително вешт во рачни изработки, изработувач на носии, како и член на повеќе фолклорни асоцијации, Антонио е пример за млад човек кој со дела ја негува традицијата и работи на нејзина афирмација. Соработува со неговиот другар и колега Филип Ричлиев од Струмица, кој е инструменталист на повеќе македонски народни инструменти и е ученик во средното музичко училиште ДМУЦ ,,Сергеј Михајлов’’ во Штип.

маркетинг


Select
Ознаки: , , ,