Реконструкција на детска градинка “Сонце” – Ново Село

13686667_1568238370146915_5858282079101693695_n

Детската градика Сонце во општина Ново Село наесен треба да почне да се реконструира, во рамки на проектот “Енергeтска ефикасност во насока за постигнување подобра животна средина во градинките” од приоритетната оска број 1- животна средина, специфична цел 1.1 заштита на животната средина и одржлива употреба на заедничките природни ресурси во прекуграничниот регион од Програмата за прекугранична соработка INTERREG – IPA помеѓу Бугарија и Македонија.
Проектот чини 400 илјади евра од кои по 200 илјади евра за двете партнерски општини Ново Село и Сандански. Оваа недела се изврши посета на објектот пред потпишување на договорот од страна на кординативно тело кое е составено членови на ЗТС –Ќустендил, Министерство за регионален развој на Бугарија и Министерство за локална самоуправа на Р.Македонија. По оваа посета очекуваме да се потпишат договорите за финансирање до крајот на септември со што и официјално ке се отпочне со реализацијата на овој проект.
Рекoнструкцијата на градинката е предвидена да трае 12 месеци и ќе ги опфати следните активности: подобрување на изолацијата преку поставување на нова термофасада, отстранување на азбестниот покрив и поставување на нов лимен покрив со изолација, нови PVC прозорци и врати, подобрени системи за водовод и канализација, инсталирани соларни колектори за производство на топла вода за градинката, замена на постоечкото осветлување со ново енергетски ефикасно.
По завршување на реконструкцијата следуваат т.н меки мерки за зајакнување на капацитетите во детска градинка за кои исто така е предвидено да траат 12 месеци.
До пред една година градинката беше клон – 5 на градинката во Струмица и истата беше во многу лоша состојба. Од нејзината изградба во далечната 1974 до денес не беа превземени никакви градежни зафати. Со овој проект градинката ќе добие нов лик и ќе ги подобриме значително условите за престој на нашите најмили и најмали граѓани.

13876573_1568238373480248_5805780991056171995_n

маркетинг


Select
Ознаки: , ,