РЕАКЦИЈА ОД ОО на СДСМ, НА СООПШТЕНИЕТО ОД ОК НА ВМРО ДПМНЕ

Смешно, жално и срамно е денешното тврдење на луѓето од ОК на ВМРО ДПМНЕ дека Општина Струмица не вложувала во спортот, поради што изостанувале  резултатите на спортистите и екипите од Струмица. Повеќе од сигурно е дека во оваа партија или се прават дека не се од Струмица, или се скарани со спортот, или се скарани со вистината.

Вистината вели дека во последните 12 години, спортот и спортските екипи се помагаат директно од Буџетот на Општина Струмица, што не беше случај во претходните години кога општината ја водеа кадри од ВМРО ДПМНЕ. Само како илустрација нека послужи фактот, дека во тековната 2017 година, струмичкиот спорт е помогнат со 14.500.000 денари, и тоа преку дотации за спортски екипи и преку јавен повик за спортски здруженија, при што финансиска помош од Буџетот на Општината добија преку 50 спортски клубови, во зависнот од рангот на натпреварување. Таа помош во одредени години изнесувала и 18.000.000 денари.

Можеле сегашните струмички антиспортисти од ВМРО ДПМНЕ да ги прашаат оние кои во нивната партија сепак имаат некаква врска со спортот. Да го направеле тоа ќе дознаеле дека Ракометниот клуб „Зоми –Мак“ на чие чело беше нивниот поранешен пратеник Славе Гошев, добил од Општина Струмица 2.000.000 денари, а младото момче што држи пресови за ОК на ВМРО ДПМНЕ и се наоѓа на кандидарската листа за советници од оваа партија, Владимир Ристов, можел да го праша својот татко Никола Ристов, колку средства од Општината добива неговиот планинарски клуб „Ентузијаст“ .

Како резултат на вложувањата во спортот, нашиот град  во изминатите 12 години, доби неколку шампионски и куп титули во кошарка и одбојка, како најдобри во Македонија, а Струмица беше организатор и на неколку европски првенства во одбојка, кошарка и спортска ориентација.

Ги советуваме челниците и членовите на ОК на ВМРО ДПМНЕ, во иднина да не се бањаат на суво.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,