Прв центар во Струмица за гитара и музичка едукација – EDU GUITAR

Минатата година од 1ви септември започна со работа првиот Центар за гитара и музичка едукација EDU GUITAR. Центарот нуди можност за професионална едукација по гитара, укулеле, синтисајзер, мандолина и мандола. Исто така учениците изучуваат музичка теорија, солфеж и пеење. Овој Центар е нешто ново и несекојдневно во нашиот град а за тоа сведочат активностите и успесите на учениците. Активности во склоп на Центарот се концертите кои се одржуваат двапати годишно, работилниците, семинарите, едукативните квизови, натпреварите како и фестивалот предвиден на крајот од летото. Учениците се стекнуваат со знаења да можат самостојно да свират и пеат и да читаат нотно писмо како и сами да компонираат песни. Засега во Македонија ова е единствен Центар со такви бенефиции. Едукацијата ја води дипломирана професорка по гитара Македонка Ичева Ангелова која во 2014 година дипломираше на факултетот за музичка уметност во Скопје отсек класична гитара.

12274421_1492214797751133_1425966805273352755_n

12342874_1495420044097275_1967979998993864212_n

12027555_1478227245816555_6353785490436880878_n

12187729_1486967214942558_3377637625242097337_n

12219348_1486966721609274_9043848793041273389_n

маркетинг


Select
Ознаки: , ,