Пролетен марш ”Огражден 2015” – Врв Огражен

ПАОК „Ентузијат“ – Струмица го организира традиционалниот пролетен марш, кој ќе се одржи  во персиодот 30. – 31. мај, на падините на планината Огражден.
11194421_436597006519944_8613693039823215158_o

Маршута:

Сабота, 30. мај:

Собир и тргнување 9 часот, стар Сувилак – Пилана, преку Безгаштево до Петлец – Малешевски планини (местото каде е убиен Даме Груев) 1352 м.н.в. Враќање туристичка населба Суви Лаки. Должина на патеката околу 27 км. Одење 6-7 часа. Ќе се ноќева во Суви Лаки, под шатори (секој да си понесе) и дел од викендици.

Недела, 31. мај:

Тргнување од месноста Палази, 1140 м.н.в. во 9 часот преку месноста Караџовица 1245 м.н.в. Вртешка, Студена чешма 1415 м.н.в. Кадан чешма 1650 м.н.в.  врв Огражден  1746 м.н.в. Враќање од врвот Огражден во 13 часот преку: Каден чешма, Бела чешма, Жоровски рид, Лазова чешма, пристигнување во 15 часот во туристичка населба Суви Лаки. Должината на патеката од Палази до врвот Огражден изнесува 12 км. или три часа одење. Од врвот до Суви Лаки има 6 км. или 2 часа одење.

Заинтересираните може да пријават за учество и двата дена или само едниот ден.

Секој учесник оди на своја одговорност и лично одговара за својата психофизчка кондиција. На маршот секој што сака ќе може да си купи спомен маица, цената е 150 денари

Организаторот обезбедува: Два ручека за сите учесници. Прибор треба секој да си понесе. Пријавување најдоцна до 29.5.2015 година. Телефони за контакт: 077984499-Душко;  070/535-688-Васко;  070/200-848-Коле; 075/626-008-Дане.

маркетинг


Select
Ознаки: , , , ,