ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ, ХРИСТИЈАН МИЦКОВСКИ НА ПОСЕТА ВО ОПШТИНА БОСИЛОВО!

Христијан Мицковски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска беше во посета на Општина Босилово и оствари кафе дружба во населеното место Радово, Општина Босилово. Тој на својот официјален фејсбук профил напиша дека токму младите му ја пренесоа нивната загриженост за актуелната состојба, кои рекле дека бесперспективноста е најчестата слика не само во Радово, туку и во Турново, Секирник, Моноспитово, Бориево… Мицковски исто така објави дека владата ги има заборавено младите. Во потрага по пристојна егзистенција многу нивни пријатели ги напуштаат живеалиштата и се иселуваат надвор од државата. Така се одзема иднината на оваа држава. Младите заслужуваат подобро, тие се значаен фокус на мојата работа и работата на ВМРО-ДПМНЕ-напиша Христијан Мицковски.

маркетинг


Select
Ознаки: ,