Препорачуваме книга за на плажа: „Смарагдна земја“

Станува збор за книга пишувана од сопружници, Ан и Данијел Мероа – Живодан кои најпрвин спонтано, а потоа и самостојно доживуваат астрална проекција- одделување на душите од нивните дела. Делото е пишувано според личното и вистинско искуство на авторите, кои тврдат дека посетуваат астрален свет во кој заминуваат душите на луѓето после смртта. На почетокот делото делува доста чудно и збркано, но дури отпосле следува расплетот на случувањата.Доста прашања за човештвото, клиничката смрт, раѓањето,реинкарацијата, создавањето на планетата и вонземскиот свет се одговорени и разрешени со покрепа на цврсти и уверливи факти. Авторите нагласуваат дека јасно ги доживеале сите од опишаните настани, без дополнителни шминкања. Оваа книга предизвика лавина коментари во светската јавност, а со цел да докажат дека не биле под влијание на халуционогени дроги за време на пишувањето на книгата, брачниот пар направи и тест за дрога.  Дел од критиката ги оценија како контраверзни, другиот дел како спасители на човештвото. Вам ви преостанува да прочитате и да заземете сопствен став.

книга

 

маркетинг


Select
Ознаки: , , , , , ,