Препорачуваме филм: The 400 Blows

large_400_blows_blu_ray3

Француска драма, припадник на new wave генерацијата. Насловот е фигуративен израз и всушност означува „400 белји што треба да ги направите за да живеете слободен и „див“ живот“. Веројатно повеќе би му прилегал превод како The Wild One или Raising Hell, но прифатен е терминот The 400 Blows.

1

Првично бил замислен како идеја за краткометражен филм, но подоцна идејата се проширила што само ја потврдува бавната нарација и можноста на гледачот да се идентификува или да срасне со ликот на малиот неранимајко Antoine Doinel. Antonie е 12 годишно дете, наликува на некаква мини верзија на Alex од A Clockwork Orange, со многу сличности, а минимални разлики. Најсличен на Alex е затоа што кај него отсуствува чувството на вина. Навикнати сме најчесто децата на таа возраст да се однесуваат со стравопочит кон родителите, училиштето, обврските и одговорностите. Но Antonie игра лукаво, а за да ја имаш таа бунтовност потребен е поинаков тип на интелигенција, не онаа школската што те тера да ја напишеш домашната читливо и уредно, не онаа што те става задолжен за целиот клас кога професорот е отсутен, туку онаа преку која целиш да бидеш свој и поинаков, која го поттикнува обидот да се пронајдеш себеси.

2

Филмот има автобиографска подлога бидејќи го опишува темпераментот на самиот режисер François Truffaut, периодот кога настанува колебањето дали си дете или веќе возрасен човек? Тука е и потврдата дека за секое однесување постои причина, за секоја фрустрација длабоки корени.

les-400-coups1

Симпатичниот лик на младиот Jean-Pierre Léaud речиси цел филм го донесе на свои плеќи.

маркетинг


Select
Ознаки: