Пред преполна сала промовиран ,,Сети се, да ме заборавиш” на Марија Јова

11078623_10153167713934581_412832851_o

Вечерва во домот на АРМ пред струмичани своја промоција имаше писателката Марија Јовевска која твори под псевдонимот Марија Јова. Марија пред преполната сала го промовираше својот роман ,,Сети се. да ме заборавиш”. На промоцијата збор земаа професорките  по македонски литературен јазик Олга Хаџиева, Ана Витанова Рингачева и Фросина Милева која е и лектор на романот.

Ана Ќофтарова извршниот директор од „ Култура “ кажа дека е прекрасен роман кој се чита во еден здив и дека доволно е да се прочитаат првите неколку страници и на и веднаш на секој читател да му стане јасно зошто овој роман е добитникот на наградата на Романијада. Инаку овој роман победи на конкурсот ,,Романијада” објавен од страна на издавачката куќа ,,Култура” по повод 70 години постоење.

Погледнете ја фотогалеријата од настанот:

10957634_10153167713749581_854785885_n

10999004_10153167713939581_1167055884_o

11025595_10153167713609581_675625267_o

11031493_10153167713754581_1533039083_o

11034067_10153167713824581_704731980_o

11040469_10153167713809581_315750390_o

11065367_10153167713619581_2121421622_o

11065470_10153167713899581_1705106299_o

11066009_10153167713624581_1344706105_o

11066186_10153167713799581_1026294943_o

 

Кратка содржина на романот –

Линда е вљубена до болка во својот партнер, ужива во благодетите на животот и богато се храни со слатките плодови на љубовта.
Го сака својот партнер, нѐ повеќе отколку што тој ја сака нејзе. Затоа што тие се создадени еден за друг. Тој е прекрасен, шармантен, романтичен, маж во вистинска смисла на зборот. Маж кој знае да љуби и освојува.
Кевин.
Нејзиниот Кевин.
Нејзината сродна душа. Половинката од нејзиното срце која ја пронајде на дното од океанот.
Трилер кој се чита во еден здив, ромаса која ќе ве маѓепса, разочара и воодушеви во исто време, драма која ќе ве остави без зборови, крај кој ќе ве замисли.
Љубовна приказна која никогаш нема да ја зборавите.
Затоа што таа е поразлична.
Поразлична од сè што имате прочитано до сега, а толку слична со она што го имате доживеано. Со она што ве заболело таму, под коските, во срцето.
Најболните нешта се чини, секогаш се премолчуваат.
И некои луѓе – никогаш не се забораваат!

11067777_10153167713984581_26709266_o

11069525_10153167713709581_1520644579_o

 

 

 

маркетинг


Select
Ознаки: ,