Прага и нејзиниот незаборавен шарм!

Сместен во срцето на Европа, прочуениот златен град е омилена дестинација за многумина кои ќе тргнат во поход да ја „освојуваат“ Европа.  Прага е град кој ќе се чувствувате посебно  и ќе го засакате уште на прв поглед , град кој во никој случај не смеете да го заобиколите. Со првите чекори на плоштадот на Стариот град веднаш добивате впечаток како да се враќате 600-700 години наназад. Импозантна архитектура, готски  и барокен стил на секој објект наоколу, секој носејќи своја приказна и мистичност.

DSC_9028

DSC_9012

DSC_9024

Во Прага се наоѓа најголемиот замок во Североисточна Европа. Познатиот замок бил дом на чешкиот крал, претседателот, дури и на Римскиот Император. Комплексот на замокот зафаќа преку 7 хектари земјиште, што го прави еден од најголемите вакви комплекс во светот.

DSC_9185

DSC_9204

Најголема атракција за туристите е познатиот Астрономски часовник кој се наоѓа на стариот градски плоштад. Најстариот и најкомплексен часовник е поставен во далечната 1410 година и е составен од две компоненти. Еден дел ја означува позицијата на сонцето и месечината или уште се вика „Походот на Апостолите“, на секој час се покажуваат нивни фигури и движечки склуптури. Дел со календар кој ги покажува месеците и хороскопските знаци. Можноста да се биде на кулата во негова близина ја создава најубавата панорамска глетка нa Прага.

DSC_9064

DSC_9066

DSC_9076

Реката В’лтава го дели градот на два дела, и додека на едната страна е сконцентриран целиот културен живот, операта, театрите, катедралите, музеите, другата страна е „резервирана“ за политиката. Таму е сместена владата, парламентот, претседателските резиденции, но и по некоја случајност музејот на познатиот писател Франц Кафка. И кога веќе ја споменавме реката нејзиното ниво во минатото било за 3-4 метри повисоко од сегашното. За време на зимата често се случувало да замрзне, па се користела буквално како градско лизгалиште. Нејзиното надојдување честопати носело и големи поплави на објектите во близина, нешто подоцна се направени канали што Чесите знаат да си ги наречат малата Венеција. Познатиот композитор  Беджих Сметана чиј споменик стои во близина на брегот една од неговите најпознати симфонии го носи името на реката. Најпознатиот Карлов Мост  ги спојува двата дела. Граден е околу 50 години и е највпечатлив дел од градот. Забот на времето веќе му го има дадено совршениот изглед како и на статуите поставени на него.  Ако ја посетувате Прага задолжително направете обиколка со бротче, а потоа со истиот билет може бесплатно да го посетите музејот кој детално ќе ви ја објасни изградбата и се поврзано со мостот.

DSC_9287

 DSC_9285

DSC_9289

DSC_9358

DSC_9371

DSC_9406

Цените не се ништо повеќе од оние во останатите метрополи во Европа. Вечера, пијалок, влез во музеи, купување сувенири би ве чинеле исто како и во Амстердам, Љубљана или Будимпешта. Ако сте љубители на пивото таму може да се најде најстарото пиво во светот и уште десетици различни видови пива (има и посебен пивски спа центар во кој додека се капете во пиво може и да го консумирате), а секако не смее да се одмине и нивниот најпознат пијалок ликерот- Бекеровката.

DSC_9225

DSC_9329

DSC_9403

Воопшто не е  чудно да сретнеш Македонец без разлика во кој дел од градот си. Во секој период од годината е преполно со туристи, а голем број нашинци таму не се само на посета туку и на работа.

Нешто на што можеби ќе ви треба повеќе време за да се навикнете е променливото време. Во овој период од годината не е изненадувачки ако се разбудите гледајќи снег низ прозорот, за после само половина час да ве огрее силно сонце. Со повеќе облека на вас сте целосно подготвени за разгледување на градот.  А за таа цел, секој дел е поврзан со автобуски и трамвајски линии па нема да претставува никаков проблем и ако сте сместени подалеку од центарот на градот.

 DSC_9418

Без разлика дали сте вљубеници во архитектурата, пивото, вкусната храна, прошетките во природа, посетите на музеи или ноќните забави, Прага би требало да ви биде на листата задолжителни градови за посета.

Пишува: Родне Деолска

маркетинг


Select
Ознаки: ,