Потпишан договор за реконструкција на игралишта во Самoилово и Мокриево

Градоначалникот на општина Ново Село г-дин Блажо Велков потпиша договор за јавна набавка на градежни работи за реконструкција на повеќенаменскo игралиште во Самоилово и реконструкција на одбојкарско игралиште во Мокриево. После спроведената јавна набавка како најповолен понудувач е избрана фирмата ДПУТ „Универзал Градба “ ДООЕЛ Струмица.
Со оваа инвестиција ќе се изврши реконструкција на игралиштата во Самоилово и Мокриево со што ќе се создадат подобри услови за спорт и рекреација на младите од овие населени места.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,