Македонската фудбалска ѕвезда Горан Пандев, започна со изградбата на најавениот Спортски фудбалски комплекс во својата родна Струмица.
Центарот според идејното решение треба да содржи зграда со сместувачки апартмани, базенти, теретани сауни и фитнес центар. Комплексот ке има и фудбалски терен на вештачка трева со трибински простор од 400 седишта.
Идејното решение на македонскиот интернационалец е направено според италијанските стандарди за изградба на вакви фудбалски комплекси, кои треба да служат за подготвителниот период на фудбалерите, како и за одигрување на официјални фудбалски натпревари.