Подобрени условите за престој на децата во ЈОУДГ „Детска Радост“

14100290_1051578201562276_8331405268864411387_n

За задоволување на потребите за непречено и функционално работење на ЈОУДГ „Детска Радост“ Струмица, а со цел – адакватен и пријатен престој на децата од предучилишна возраст во своите капацитети, оваа општинска установа презеде поголем број активности за остварување на таа цел. Според информациите од директорот на ЈОУДГ „Детска Радост“ Струмица, Тинка Маркова, реализирани се повеќе активности во сите клонови, како за нивно одржување, така и за збогатување на содржините и подобрување на условите за престој на децата.
Покрај обелувањето на просториите и боењето на оградите, уредени се сите дворни површини во градинките со хортикултурно оплеменување на истите, а на некои од нив извршена е замена на прозорците и е поставена нова фасада со изолација на објектите. Поради потребата од зголемување на капацитетот за прием на деца, неколку простории се пренаменети во занимални, а се набавени и нови рафтови за играчки, плакари за гардероба и постелнина, тврдо пресувани сунѓери, навлаки, како и нови елементи за дел од санитарните јазли.

14021678_1051578054895624_3601010905366323062_n

14184561_1051578158228947_5575953078531550604_n

маркетинг


Select
Ознаки: , ,