Подготвени за викендот? Еве каква забава ви нуди Селект!

selekt

Долго најавуваните балкански ѕвезди Тропико Бенд вечерва на големо задоволство на сите доаѓаат во Селект. Најпознатиот српски бенд чии хитови се слушаат низ Македонија вечерва ќе ги забавува струмични во Кафе Бар Селект. Во пресрет на нивното доаѓање билетите во претпродажба беа со пониска цена, а Струмица Денес како и секогаш ги наградуваше своите читатели со 20 поделени гратис карти. Впечатоците од лудата вечер ќе ги сумираме во понеделник, затоа вечерва сите во Селект на незаборавна журка.

Саботната вечер музика придружена со live perfomance на дуото кое  направи револуција во македонската музика и во македонскиот етер – Ike de Koka. Дуото веќе многу добро го познаваме, од првата вечер на Strumica Оpen Festival, каде направија одлична забава и докажаа дека се извонредни во својата област. Ако сте љубители на електронската музика Селект е вистинскиот избор за сабота вечер.

Оваа недела, Селект ве очекува на Џез стандарди (Френк Синатра, Нат Кинг Кол, Луис Армстронг, Нина Симон, Ела Фитцгералд и Пеги Ли), Евергрини, Малку блуз, Нора Џонс со Борис Гушовски (клавијатура) и Јасна Трпкова (Вокал и Маракаси).

selekkt

маркетинг


Select
Ознаки: , ,