По три години од разводот бившиот сеуште ја малтретира

Три години од разводот, 49-годишна струмичанка нема мир од насилниот сопруг. Мајката на две малолетни деца, која не сака да го открие идентитетот постојано трпи насилство од екс сопругот – и дома и на работа. Иако има правосилна одлука за затворска казна, тој се уште е на слобода, објавува Канал 5.
zena-tepana1-
„Ќе ве најде Пробиштип, ќе ве запалам сите.“ – како што јавува Канал 5, со овие зборови поранешниот сопруг и се заканувал на 49 годишна струмичанка.
Жената, мајка на две малолетни деца живее во страв и агонија, буквално е изложена на тортура од насилниот поранешен маж. Цела деценија трае ова насилство, најпрво само психичко, а откако пред три години официјално се развеле, насилникот станал уште полош. Ги следи на секој чекор, а од неодамна почнал и физички да ги малтретира.

Нема закон за да се спречи насилниот маж. Иако има забрана за приближување, кон поранешната сопруга, не ја почитува. Од пред половина година е осуден на затвор, а веќе една недела и одлуката е правосилна, но во три затвори во Радовиш, Струмица и Гевгелија немало слободно место за да ја одлежи казната.

извор: канал5

маркетинг


Select
Ознаки: , , , , ,