,,Ентузијаст” го организира планинарскиот марш ,,Ванчо Атанасов”

ПАОК ”ЕНТУЗИЈАСТ” Струмица го организира деветнаесетиот меморијален традиционален меѓународен планинарски марш ,,ВАНЧО АТАНАСОВ 2018,,кој ќе се одржи на ден 15.04.2018г. (Недела)на планината Беласица.Ве покануваме да земате учество на истиот по следната маршута:
Тргнување од стара автобуска-Зградата на Телеком -Поштата Струмица во 7,00 часот.Село Костурино 8,00часот тргнување на учесниците на маршот,9,3о час.пристигнување во с.Орманли краток одмор,Белешки ливади,преку Ќучук чешма споменик на петте струмички студенти каде има приготвено чај,краток одмор,потоа се продолжува до планинарска куќа Дедо Кољо Муртински 1160 м.н.в.пристигнување во 12-13 час.Ручекот за сите учесници е во 14,оо часот на планинарската куќа,обезбеден од организаторот, прибор секој да си понесе.Враќање-тргнување од планинарската куќа 15:оо часот пристигнување во с.Свидовица во 17:3о часот. Тргнување од с.Свидовица во 18:оо часот. Превозот од Струмица до Костурино и од с.Свидовица до Струмица е обезбеден од организаторот.
Должината на патеката е 22 километри,одење шест часа(три часа и триесет минути искачување и два часа и триесет минути на враќање).Се очекува на маршот да земат учество над 500 планинари и љубители на природата. Спомен мајца секој учесник може да си купи за 150,оо денари. Пријавување до 13.04.2018г(Петок). Секој учесник на маршот доаѓа на сопствена одговорност и лично си одговара за својата психо-физичка кондиција. Лица за контакт: Ален 075 471643;Васко 070 535688;Душко 077 984499; Коле 070200848

маркетинг


Select
Ознаки: , ,