Планинарски марш во чест на Борис Трајковски

Дваесетина планинари од Струмица, но и од Радовиш, Гевгелија, Валандово и Неготино од пред споменикот „Македонија“ во градскиот парк во Струмица, тргнаа кон вечното почивалиште на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски во Скопје.

борис

Со овој традиционален марш планинарите од Југоисточна Македонија ќе ја одбележат 12-годишнината од смртта на претседателот, кој загина во авионската несреќа на 26-ти февруари 2004-та во Босна.

Овој планинарски марш на релација Струмица – Скопје, по 11-тти пат го организира ПАОК „Ентузијаст“ од Струмица, се’ со цел да не се заборави ликот и делото на Трајковски, како што велат планинарите, на човекот кој неизмерно ја сакаше Македонија и граѓаните. До денот на смртта на претседателот, 26-ти февруари, планинарите пеш ќе поминат 200 километри за да стигнат во 12:00 часот до вечниот дом на Трајковски на гробиштата „Бутел“ во Скопје.

маркетинг


Select
Ознаки: ,